Денешна дата
14/12/2019

КУЛТОТ, РЕКЕТОТ И ТРПЕНИЕТО

Пишува: Бардул ЗАИМИ

 

Основањето на Специјалното јавно обвинителство беше светло на крајот на повеќедеценискиот тунел. Целa „Империја“ на обвиненија за корупција и други инкриминации што се појавија како ајзбергов врв од опозициските „бомби“ веќе беа оставени како докази во канцелариите на СЈО, што се сметаше за единствената институција што можеше да и даде смисла на правдата во државата.

Катица Јанева, не толку добро позната личност до тогаш, стана симбол на правдата, восхитуван обвинител за кое имаше надеж дека ќе го даде вистинското решение за сите оние случаи што веќе беа дел од парницата. Јавноста и даде безрезервна поддршка на оваа правосудна институција и на Јанева како специјален обвинител. Ова е потврдено со високиот рејтинг што СЈО го уживаше во голем број истражувања.

Поддршката на граѓаните за оваа институција се чинеше плебисцитна, додека изјаснувачкиот симбол против корупцијата и другите инкриминации, Јанева и другите обвинители, секој пат кога се појавуваа на јавната сцена, пренесуваа оптимизам дека конечно нешто добро ќе се случи во узурпираната држава од политичките инкриминации, од државните службеници кои веќе „ги приватизирале“ јавните добра и инсталирале мрежа за контрола и изнудување на јавни пари.

Политичките компромиси за прашања што се сметаат за стратешки важни за државата што минува низ драмата за промена на името, со инкриминирани бројки за кои веќе се поставени парници и кои не добиле соодветeн епилог, го нарушиле кредибилитетот на СЈО. Институцијата на надеж веќе беше видена како пресметковна институција која до крајот не одговори на првичната мисија.

Сепак, граѓаните, со значително мнозинство, сепак веруваа дека оваа кревка правда може да се врати во нормалност само преку СЈО, како институција што ќе ги одразува сите димензии на политичкиот и институционалниот живот.

Токму на крајот на мандатот, во време кога требаше да се одлучи за судбината на СЈО, скандалот „Рекет“ го уништи престижот и довербата што ја стекна СЈО. Сега главниот обвинител Јанева беше осомничена дека е дел од таа „империја“ за која претходно и објави војна.

Германскиот престижен медиум „Шпигел“ пишува за сомневањата за вмешаноста на Јанева во скандалот. Во текстот за аферата „Рекет„ и вмешаноста на Јанева,  Шпигел пишува дека „се сметаше за симбол во борбата против корупцијата, сега се чини дека и самата истражителка Катица Јанева е вмешана во голема афера за уцени“.

Почетоците и завршувањата понекогаш се толку парадоксални, особено во јавните работи на Балканот, каде „херојството“ не ретко се претвора во очај, додека победите во парадоксални порази. Јанева веќе се појави како сведок пред Јавното обвинителство додека во меѓувреме се појави со нејзиниот адвокат, кој е адвокат на еден од обвинетите во случајот „Империја“.

Не е познато дали Јанева ќе се појави само како сведок или ќе биде испитана за случајот „Рекет“. Не се познати алгоритмите на непознатото какви резултати ќе дадат. Јанева ги повика новинарите и јавноста да бидат трпеливи дека сè ќе биде разјаснето. Нејзиниот глас во објавените снимки, предизвика возбуда во јавноста. Овој глас како индикација за вклучување ги разниша и „колегиските“ извештаи во рамките на некогаш уникатната и исклучително сериозна СЈО. Во последно време СЈО се впушта во невидлива битка за опстанок како институција, но и како функција за репрезентација. Оваа битка се шири како предизвик за правдата веќе во Јавното обвинителство. Таутологиите во Северна Македонија немаат крај. Правдата талка од еден коридор до друг, од специјални поставки до општи поставки.

Јанева останува „ликот“ што ги обединува „Империја“ и „Рекет“. Почеток и крај што до сега не се знаат целосно метастазите. Главниот обвинител бара трпеливост, додека довербата во правосудниот систем сè повеќе се губи. Сè додека правдата не го кажа последниот збор, ништо не може да се прејудицира. Една работа останува сигурна. Секое одложување во овој случај ќе се смета како казна за довербата на граѓаните во правдата. Ниту еден почеток не може да биде толку голем и ниту еден крај толку трагичен. Доволно е да се префрлиме од верба во култот кон човек во верба во системот. Луѓето доаѓаат и си одат, додека системот сфатен како постојана вредност останува. Единствената трпеливост што им треба на граѓаните е постепено да се надградуваат на овој постојан систем на вредности, оној што подразбира професионално достоинство и интегритет.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.