Денешна дата
16/09/2019

ПАРТИСКИТЕ „ГИМНАСТИКИ„ И ОКТОМВРИСКИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Политичкото време се мери со визијата на актерите во јавниот живот и одлуките што се донесуваат во функција на очекувањата на електоратот. Политичкото време не е ниту егоцентрично убедување ниту пропаганда на мигот за да ги задоволи приврзаниците на разни табори во бескрајни битки за да ги покажат идеолошките мускули. Политичкото време останува вектор на афирмации за да биде во синхронизација со аспирациите на мнозинството граѓани што веќе е проектирано како пат кон ЕУ.

Северна Македонија ја чека еден многу деликатен политички момент во октомври. Овој месец, најверојатно, ќе ги утврди и внатрешните политички случувања, кои веќе се изведуваат преку силно соочување меѓу власта и опозицијата. И покрај фактот дека високи европски официјални претставници изразија оптимизам за започнување на пристапните преговори во октомври, овој датум сè уште во голема мерка останува со многу прашалници.

Случајот „Рекет“ дополнително го комплицира отворањето преговори, додека високи државни функционери, како претседателот на државава, Стево Пендаровски и министерот за Надворешни работи, Димитров повикаа на поголема сензабилизација за време на овој период да се убеди меѓународниот фактор во потребата од отворање преговори за Северна Македонија во текот на октомври.

Речиси сите изјави на меѓународните претставници вклучени во процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ, дадоа сигнали кои укажуваат дека Северна Македонија би можела да добие датум за почеток на преговорите во октомври. Веројатно е дека датумот на започнување на преговорите ќе зависи повеќе од расположението на европските држави отколку од внатрешната политичка динамика, кои немаат значителна промена од претходниот период; да се координираат за да се зајакне можноста за добивање датум.

Судбината на Специјалното јавно обвинителство останува жешка тема која ги скара ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија и СДСМ како носител на власта заедно со партиите на албанскиот политички блок, кои остануваат не многу изложени на ова тема. Законот за јавно обвинителство останува проблематичен, додека токму овој закон треба да го обезбеди статусот и континуитетот на СЈО, кој како правосудна институција е силно поддржана од меѓународни претставници.

Среде овие политички судири во врска со аферата „Рекет“,  за законот за Јавното обвинителство и други теми поврзани со секојдневниот живот на граѓаните, не изостанаа и „поканите“ за предвремени избори, што опозицијата ги бара на секое излагање. Обете политички партии форсираат победа на евентуалните избори. Една интерна анкета реализирана од СДСМ како победници ги истакнува владејачките партии, додека лидерот на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, рече дека неговата партија би имала над 100.000 гласови доколку се одржат предвремени избори.

Иако политичките партии цело време зборуваа за својата доминација, најверојатно нема да има предвремени избори. Ова неколку пати го повтори премиерот Зоран Заев, кој повеќе пати потврди дека нема потреба од предвремени избори затоа што тие би го попречиле процесот на интеграција во ЕУ, што останува еден од приоритетите на оваа влада. Во Северна Македонија ништо не е сигурно. Ако се обидеме да го прочитаме најновиот рибаланс на буџет, кој во голема мерка е насочен кон пораст на платите и во други области каде што директно влијае на чувствителноста на граѓаните, никој не може да се обложи дека нема да има предвремени избори.

Сепак, до октомври, кога се очекува одговор за Македонија да започнат преговори, малку е веројатно дека ќе се размислува за предвремени избори. Темата на предвремените избори изгледа повеќе како партиска инерција и обид на политичките партии да го задржат традиционалниот електорат, но и да се насочат кон други електорат за кој се смета дека може да им донесе победа.

Шансите Македонија да ги започне преговорите во октомври се големи, особено по последните изјави на европските претставници и особено на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој им рече на француските дипломати да работат посилно за реинтеграција на Западен Балкан во европската географија. Слична порака пренесе и г-дин Палмер, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан. На средбата со владините лидери, тој истакна дека САД силно ја поддржуваат РСМ во остварувањето на нејзините стратешки цели, целосениот пристап кон НАТО и започнување на преговорите со ЕУ. „РСМ даде пример за решавање на политички прашања и отворање перспективи за граѓаните “.

Сите овие изјави создаваат оптимистичка клима за октомври. Повеќе пати се повторуваше во јавниот домен дека започнувањето на преговорите ќе биде посебен тест за целиот систем на Северна Македонија, за пренатупаната администрација. Така, без поддршка од граѓанското општество, кое веќе има понапредни капацитети, целиот процес се чини невозможен. Во овој контекст, треба да се види и првата средба на Комитетот за преговори за пристапување во ЕУ, на која се разговараше и за моделите за вклучување на граѓанското општество во преговарачкиот процес.

Отворањето на преговорите несомнено ќе биде клучен момент за институционално редимензионирање на Северна Македонија. Тоа би било пресвртна точка и среќен крај на почетокот на болниот процес на вечна транзиција што создаде невиден пркос кај граѓаните. Но, зборот „среќа“ во Македонија изгледа толку неразбирлив, додека овој крај-почеток на едно друго политичко и институционално време, на квалитативна трансформација „трасира“ во рамките на политичките партии што умот им е на предвремените избори, или за да остануваат што повеќе на власт, без да се земе предвид дека дури и домашната политичка динамика за круцијални прашања може да биде клучна во октомври.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.