Денешна дата
12/11/2019

ЛИДЕРИТЕ НА (НЕ)ДОГОВОРИТЕ

Пишува: Бардул Заими

 

 

Двајцата лидери, Заев и Мицкоски, не успеаја да постигнат договор за законот за Јавно обвинителство, кој се смета суштински за судбината и статусот на СЈО. Овој закон всушност треба да го реструктуира правосудниот систем во Северна Македонија, заснован врз очекувањата на граѓаните, кои во воспоставувањето на институционалните механизми на правдата ја гледаат единствената надеж за да се стави крај на политичката транзиција и на инкриминираниот систем.

Партиите во меѓувреме продолжија со препукувања за тоа  кој е сериозно посветен на структуирање и реформа на правосудниот систем. Сепак, се чини дека во позадината на овој дијалог за донесување на законот за Јавно обвинителство во парламентот лежат партиските каузи што го отежнуваат изнаоѓањето решение.

Во Македонија, партиите не еднаш знаеја како да ги стават своите интереси на прво место, создавајќи нервозни и комплицирани ситуации кои всушност ги фаворизираа нивните партиски пресметки, на штета на еден процес и инсталација на неопходна шема за законите и нормалното функционирање на институциите.

Се чини дека и овој пат партиите ќе ја играат својата игра. И тука навистина се отвора голема дилема околу целата логика на политичките договори што се случија и што се очекува да се случат. Особено во време кога правосудниот систем треба да докаже многу случаи на корупција во изминатиот период, и во моментов, многу случаи процесуирани од СЈО предводена од Јанева, која потоа и самата беше вклучена во коруптивна афера.

Транзицијата во Северна Македонија веќе има серија „договори“ кои се направени некаде во позадината на политиката, каде обично се играат лични и клански претстави на интереси. Договорите се дел од политичкиот и демократскиот живот, но само кога се во функција на позначајна визија, кога се во служба на квалитативно надминување на дадена ситуација. Ваквите договори подразбираат непрекината дебата и дијалог, подразбираат знаење и принципи за надминување на политичка состојба што носи ризик од создавање екстремни поларизации, а со тоа и политички конфликт.

Северна Македонија досега помина низ многу вакви фази на политички блокади, кои беа резултат на погрешни политики и во многу случаи инкриминирани. Како и обично, имаа политички договори, кои им ставаа крај на блокадите  излезени од партиските лаборатории, кои се толкуваат како блокади што доаѓаат од деструктивните политики на едната или другата страна.

Политичките партии претставуваат изборна волја и владеењето и целиот политички и демократски живот се детерминира со таа волја. Сепак, оваа првична волја не била секогаш како здрава прифатена логика на политичкото функционирање. Во повеќето случаи, оваа волја е целосно обезличена и дегенерирана во еден вид вулгарен елитизам, кој отсекогаш се грижел за политички договори во позадината на кои стоеле покритија на политичката инкриминација.

Засега нема договор меѓу власта и опозицијата, но без оглед на тоа дали има договор или не, мора да заврши логиката на производство на политички и системски блокади за партиски есапи или интереси.

Само воспоставувањето кохерентен систем на вредности може да произведе одржлив развој и усогласување со европските вредности. Ниту еден договор не може да е функсионален ако се прави за други цели, над очекувањата на граѓаните да ги казнат престапниците, оние што ја држат како залог социјална и институционална нормалност.

Ние не можеме да знаеме дали ќе има договор по силните партиски позиции, но знаеме какви договори ни се потребни. На Северна Македонија и се потребни коректни политички договори за реформи на целиот правосуден систем. Функционален правосуден систем кој нема да толерира криминал и корупција.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.