Денешна дата
13/12/2019

ПОМЕЃУ МИТОТ ЗА СИЗИФ И ЕВРОПСКИОТ СОН

Пишува: Бардул ЗАИМИ

 

 

Разочарувањето на граѓаните од политикaта во Северна Македонија сега е непобитен факт, сервирано непрекинато на јавниот простор. Политичките повторувања и депласираните концепти на владата над 20 години создадоа планина на очај, која веќе започна да се претвора во граѓанска недоверба над сето она што се случува како начин на размислување и практика на моќ.
Долго време, политичките елити во Северна Македонија се хранат со еден вид егоцентрична самодоверба што ги држела оддалечени од сè потешката реалност во секојдневниот живот на луѓето. Ова се чини е врвот на театарот на апсурдот што се игра на грб на граѓаните. Политиката овде најдобро може да се согледа со митот за Сизиф, овој херој на апсурдот, кого боговите го осудуваа да се искачи на карпа над планината, од каде ќе паднеше тркалејќи се.

Всушност, ова тркалење останува облик на судбината на луѓето, кои секогаш се враќаат во нулта точка каде надежта се распаѓа и тешко може да се опорави. Само неодговорни политики создаваат таков очај, кој претходно ја „рекетирале“ волјата на граѓаните.

Обично, на врвот на апсурдната планина стојат политички предизборни ветувања, кои потоа се тркалаат како камен на очај кон мрачната реалност на луѓето, на оние луѓе кои не можат да поврзат месец со месец. Колку пати е ветен рајот, додека владите понудија само клиентелизам и други супстандарди во креирањето на политиките. Последниот период е можеби врв на граѓанска недоверба, затоа што во последниот очај се поминати сите претходни надежи, очекувања и разочарувања.

Во рамките на оваа децениска политичка апсурдност е поставена состојба на недвижење што го згрчи секој оптимизам за подобри денови. За жал, политичките елити се чини дека го исцрпеа целиот арсенал на ветувањата за промена, додека ги продолжуваат истите практики на управување. Тешкиот камен на апсурдот, всушност, продолжи да се искачува на врвот од луѓето, кои без нивна вина станаа протагонисти на овој театар на апсурдот.

Молчеливи, трпеливи и со тврдоглава надеж тие продолжија да се надеваат и веруваат дека еден ден конечно ќе се појават на друг простор, во таа посакувана хемисфера која гарантира поголемо достоинство и развој за сите. Но, патот од врвот на апсурдот кон европскиот простор се чини толку тежок со спорна, снобастичка политичка елита и без најмала смисла да се транскрибира граѓанската волја што од ден на ден тоне во испакнатини на безвизната политика.

Се разбира, не сè звучи толку песимистично. Всушност, сите заедно имаме два збира на развој на настаните, две погледи што создадоа две сосема спротивни состојби. Неплодните домашни политики создадоа само спротивставување, а заложбите на меѓународната заедница обезбедија континуирана поддршка за воспоставување поинаква перспектива од клиентелистичките концепти на политичките партии.

Точно, ова визија промовирана од меѓународната заедница која се потпира на современи политики и добро владеење останува единствената надеж за граѓаните, останува светло на крајот на тунелот, на овој мрачен тунел каде ja одведоа чувствителноста за напредокот на луѓето од самодизајнирани политики само за група луѓе.

На врвот на апсурдот, политичките елити не успеваат да се надминат и да се договорат за клучните прашања што овозможуваат попозитивно движење за започнување на преговорите со ЕУ. Во време кога продолжуваат апсурдните политички судири на претставниците на ЕУ, тие даваат позитивни сигнали за можно започнување на преговорите.

Ова изгледа како искра надеж во мрачниот тунел на политичкиот крак, што покрај овој позитивен моментум, кој повеќе се припишува на ангажманот на меѓународните претставници, не успева да ја создаде потребната синергија надвор од партиските калапи за да одговори на предизвикот тежок за процесот на започнување преговори.

И покрај овие мрачни реалности што ги гушат граѓаните, Македонија има шанса да биде наградена за поширок контекст на рефлексии, што ги забележа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за време на неговата посета во Скопје.

„Јас продолжувам да го имам ставот што го имав во јуни дека вашата земја стори сé што ЕУ очекуваше од вас во последните две години за да започне преговори, во согласност со препораките на Европската комисија. Ова е сè уште мое убедување, вашата земја направи сè. Скопје е најдобро место за апел до лидерите на ЕУ, сега вие мора да си го сторите својот дел затоа што Северна Македонија веќе го стори својот дел “, потенцира Туск. .

Останаа само неколку недели од можната одлука за отворање преговори, секое внатрешно политичка турбуленција може да ја искомплицира ситуацијата. Несомнено, потенцијалното започнување на преговорите останува од витално значење, иако европските дипломати истакнаа дека приоритет е да се воспостави правосуден систем кој неодамна доживеа огромен удар. Сепак, постои надеж дека конечно Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите во октомври, што ќе биде друга фаза на афирмирање на европските вредности и стандарди.

Веќе е речено дека само отворањето преговори нема да значи ништо ако овој момент не се следи со нов курс на системски реформи што ќе овозможат институционалниот живот да ги инкорпорира европските најдобри практики. Можеби преземањето на датумот ќе го фрли каменот на апсурдот, каменот на расправиите и клиентелистичката политика.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.