Денешна дата
14/10/2019

Неисправна рампа на патарината Петровец

Ова е автобус на компанија која има земено редовна линија од Скопје во внатрешноста. Компанијата ги следи сите процедури и има набавено соодветна опрема за да може да поминува на автоматската рампа на патарината во Петровец, но од видеото се гледа дека рампата на автобусот не се крева, а на камионот се крева. По укажување на вработениот на наплатната рампа, автобусот замина на другата лента, иако се гледа дека таа не прима возила, за да може да помине. На патарината Сопот, втората наплатна рампа од Скопје кон Велес, рампата се подигна пред автобусот без проблем.
За модернизација на патарините Јавното Претпријатие за државни патишта потпиша договор со турска компанија Аселан вреден 18,7 милиони евра уште во 2014 година.