Денешна дата
20/11/2019

ФРАНЦУСКО “НЕ“ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

Како и да е, можеби ова вето е добра можност да се прифати дека во повисоки констелации државите од Западен Балкан остануваат мали за да го наметнат својот можеби разумен оптимизам. Европа останува комплицирана во донесувањето одлуки, додека земјите од регионот немаат друга алтернатива освен да се стремат постојано да се усогласат со европските стандарди, без оглед на пробалитетот за започнување на преговори

 

 

Пишува: Бардул Заими

Француското “не“ за почеток на преговорите било клучно за судбината на премиерот Заев и неговата влада. Заев отсекогаш тврдел за еден сигурен почеток на преговорите со ЕУ, но француското вето беше кобно за неговата позиција како премиер, во време кога сите надежи за продолжување и зајакнување на неговата влада беа насочени кон овој клучен момент за сите граѓани.
И покрај фактот дека сите претставници на европските институции и повеќето земји-членки изјавија дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговорите, ставот на претседателот Макрон остануваше непоколеблив во неговиот концепт за промовирање на нова методологија за преговори што се резултираше како детерминантен за развојот на политичка сцена во Северна Македонија. После француското вето, која доаѓаше уште од порано како тивко предупредување, премиерот Заев веќе пред себе имаше две опции, иако на прес-конференцијата изјави дека неколку опции му се „вртеле“ во главата.
Едната опција беше да го продолжи неговиот мандат, ризикувајќи да произведува турбулентна ситуација, додека опозицијата веќе најави протести, додека другата опција беше да се распишат предвремени избори како можност да му даде простор на посмирен политички процес преку кој уште еднаш ќе се верификуваат патиштата на изборната политичка волја.
И премиерот Заев ја избра втората, најразумна опција, можеби и поради неговото длабоко лично разочарување, покрај сите оние ветувања кои веќе се чинеше дека датумот за почеток на преговорите го претворија како завршен акт. Реално, овој епилог се чинеше неизбежен, додека премиерот Заев во секое време изрази убедување дека добивање датум е завршена приказна.
Среде оваа фрустрација и постојаното спротивставување на опозицијата за предвремени избори, секоја друга опција би значела политичка апатија и влада која веќе го изгубила моралниот легитимитет за уште еднаш да се посвети на веќе одложениот процес на интеграција над сите очекувања. Редовните парламентарни избори се чинеа дека веќе не се опција, затоа што ова во меѓувреме ќе произведеше многу драматични ситуации со многу непознати.

По консултациите со коалиционите партнери, Заев повика на брзи предвремени избори за граѓаните да можат да утврдат кој пат би го одбрале во овие круцијални моменти. Во меѓувреме, претседателот на земјата, Стево Пендаровски, повика на состанок за да го одреди правецот на политичката ситуацијата по недобивање на датум од страна на Европскиот совет.
Недела на 20 октомври, само два дена по веста за неотварање на преговорите во меѓувреме, председателот Стево Пендаровски, ги собра лидерите на политичките партии за да разговараат за опцијата за предвремени парламентарни избори. После согласувањето дека сите политички партии остануваат посветени на евроатлантските интеграции, во вториот дел од состанокот, лидерите се согласија да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април.

Веќе беше објавено дека април ќе биде месец на изборите, при што сите партии оценија дека ова е неопходна одлука за да повторно да се даде политички легитимитет на неповратниот пат кон ЕУ. Предвремените избори ќе се одржат според формулата од Договорот на Пржино, спроведена во закон, што подразбира техничка влада 100 дена пред изборите. Според датумот кога ќе се одржаат изборите резултира дека на почетокот на јануари премиерот Заев мора да го напушти позицијата како премиер.
Според Договорот од Пржино, веќе спроведен во уставот, предвидено е 100 дена пред парламентарните избори, кога и да се, да се формира техничка влада, во која ќе учествува и опозицијата. И покрај фактот дека е одреден датум за предвремени избори, политичките партии не доставија детали како ќе се одвива понатамо овој процес. Веројатно е дека сè ќе се прецизира во пресрет на новата година, кога се очекува премиерот Заев да се повлече.
Иако предвремените избори беа неизбежни, сега веќе се отвораат други дилеми дали да се продолжи со курсот на потребните реформи, кој повторно ќе бидат оценети во процесот на добивање датум. Веројатно е дека овие предизборни месеци ќе ги заобиколат очекуваните реформи, особено затоа што секоја партија влегува во треската од можна победа. Веројатно е дека од конкретната работа за исполнување на обврските што подразбираат приближување кон стандардите што ги бара ЕУ, во текот на овој период ќе помине на други дискурси за изборна мобилизација.

Добрата вест е дека сите партии се согласија за посветеноста на процесот на европска интеграција, но тоа веројатно нема да биде доволно за да се постигнат конкретни резултати во сите области каде што се очекува да се случат реформите. Високи Европски претставници побараа да се продолжи по патот на реформи, но се чини дека овие повици ќе се изгубат во арената на политичките битки што се очекуваат да се случат во меѓувреме.

Не добивањето датум за разговори поради француското вето, најверојатно, ќе ги намали амбициите и ентузијазмот за промена. Концептуалната битка во рамките на ЕУ, меѓу Франција која бара нова методологија и позиции во рамките на унијата и Германија како промотор на отворањето на преговорите, најверојатно, во голема мерка ќе ги поткопа обврските за останување на европскиот пат.
Ова одложување и неизбежната транзиција кон предвремени избори може да предизвикаат удар врз амбицијата да се отворат преговори што е можно поскоро. Огромното мнозинство на државите членки го пофалија напредокот на двете земји на патот кон реформите, иако тие знаеја дека останува да се направи многу. Даденото ветување беше поткопано од Франција со идејата за нов пристап кон преговорите.
Како и да е, можеби ова вето е добра можност за да се свати дека во големи констелации државите од Западен Балкан остануваат мали за да го наметнат својот можеби разумен оптимизам. Европа останува комплицирана во донесувањето одлуки, додека земјите од регионот немаат ништо друго освен да се стремат постојано да се усогласат со европските стандарди, без оглед на пробалитетот за започнување на преговори. И тоа мора да се случи заради граѓаните и не заради еден датум кој и така еден ден мора да се случи ако се спроведуваат коректни политики и добро владеењето, без разлика кој е на власт.

Секоја друг пат е слеп. Секој друг пат може да понуди моментален триумфализам, може да понуди фасцинантна реторика, но доаѓа момент кога ќе се спротивстави на горчливата реалност на невозможноста. Отворањето на предизборниот хоризонт не смее да ја избегнува оваа суштинска ориентација, бидејќи веќе е јасно дека патот до членството ќе биде тежок и со постојана одговорност.

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.