Денешна дата
14/12/2019

ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТВИ НА МЕДИУМСКИ ПРОСТОР

Се повеќе се појавува потребата медиумите да ги избегнуваат партиски агенди и да преминат на подлабоко известување што објективно се справува со проблемите на граѓаните, без да станат дел од манипулативните наративите за моќта на владата. Пишува: Бардул Заими

Медиумите остануваат столб на демократијата, најсилниот индикатор за развој и напредок во афирмирање и воспоставување на европски стандарди во целата планиметрија на институционалното и целокупното општественето функционирање. Иако земјите од Западен Балкан веќе направија напори за воспоставување на модерна правна рамка за функционирање на медиумите, сепак, многу проблеми се чини дека се сериозна пречка за активната улога на медиумите во процесот на демократизација.

Политичките притисоци, фаворизирањето, видовите цензура и самоцензура, злоупотреби од одредени медиуми и, пред сè, непочитување на професионалните стандарди се црни дупки кои апсорбираат консолидација на медиумски простор во земјите од регионот. Токму овие проблеми и многу други дефекти во функционирањето на медиумскиот простор беа дискутирани на конференцијата во Скопје, „Медиумите и демократизацијата во Западен Балкан“, организирана од Косовскиот Институт за Медиуми и Комуникација (ИКМК) и Балканскиот Институт за Регионална Соработка (БИРЦ).

Во две панели на дискусии и една работилница беа исзложени сите проблематики и предизвици што се наоѓаат пред вистинското конституирање на професионален медиумски простор, секогаш имајќи го предвид целиот контекст на медиумска еволуцијата во еден тежок политички процес на транзиција, кој постојано се одрази негативно на известувањето со посебен акцент на меѓуетничките односи.

Една многу суштинска, недвосмислена дебата во двете сесии на конференцијата ги откри сите аномалии во медиумскиот простор. На оваа дебата се дискутираше и за целата правна рамка на функционирање на медиумите, која на хартија се чини дека е добро напишана, но која во пракса не успева да се спроведе заради професионални отстапувања и заради бројните политички, партиски притисоци кои секогаш инсистираат на тоа да новинарството се доведе под „канџите“ на политичките агенди.

Во овој контекст, оваа конференција го изложи парадоксот на доминација на информациите поврзани со агендите на политичките партии, со што се занемаруваат реалните проблеми на граѓаните. Исто така, оваа конференција ја истакна и потребата да се бараат решенија за бројни проблеми во медиумската сфера кои имаат слична природа во Косово и Северна Македонија, особено во областа на етичкото известување и во  доменот на политичката контрола кои се повеќе и повеќе станува пософистицирани. Се повеќе се појавува потребата медиумите да ги избегнуваат партиски агенди и да преминат на подлабоко известување што објективно се справува со проблемите на граѓаните, без да станат дел од манипулативните наративите за моќта на владата.

Нагласена е и потребата за промовирање на новинарството како благородна професија кај младите, и покрај сегашното занемарување што доаѓа како резултат на безброј напади врз новинарството од страна на политиката, која создаде лош имиџ за професијата.

Истражувачкото новинарство се сметаше како неопходност  за да се донесат подетални информации до јавноста, надвор од клишеата на дневното известување, кои се занимаваат само со празни изјави на политичките партии.

Севкупно, оваа конференција успеа да ги идентификува проблемите и предизвиците на медиумите и истовремено да ја постави идејата за решенија што треба да следат од заедницата на новинари и други медиумски професионалци.

Оваа дебата овозможи да се разбере дека во балканските земји, медиумите се соочуваат со приближно слични проблеми, што подразбира неможност за воспоставување стандарди на функционирање. Како и да е, во рамките на овие проблеми и тешкотии, протагонистите на медиумската сфера покажаа подготвеност да ги продолжат своите напори за консолидирање на медиумски простор кој ќе одговори на мисијата на новинарството и со тоа на демократските случувања во регионот. Искуствата и професионалната посветеност проектирани во духот на регионалната соработка можат да создадат друга синергија во медиумскиот простор, зајакнување на улогата на медиумите во институционалниот и социјалниот живот.

Оваа суштинска дебата отвори нов хоризонт на соработка и синергија што може да го насочи понатамошното консолидирање на медиумската сфера како составен дел на демократијата и напредокот. Воспоставување на нова парадигма на медиумски прием и посилен професионален ангажман може реално да и даде на медиумите вистински стандарди на професионализам и етика на функционирање. Квалитетот на информациите го одредува и квалитетот на демократијата. Земјите во регионот имаат итна потреба од вакви дебати што ја редимензионираат суштината на медиумскиот простор, а со тоа и суштината на демократијата како простор во кој се обликува политиката и владеењето.