Денешна дата
14/12/2019

ОБЕДИНЕТИ ВО БОЛКА

Огромна солидарност после фаталниот земјотрес. Спасувачките екипи од регионот и пошироко веќе се во Албанија за помош. Загубените животи им донесоа тага на луѓето, но и молитви и поддршка за сите оние семејства погодени од земјотресот. Човечката димензија беше прикажана преку широка солидарност, но и преку конкретна помош во тешките мигови за многу семејства погодени од земјотресот.

Пишува: Бардул Заими

 

Албанија е трагично погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер. Официјално се соопштуваше дека има  над 22 жртви, над 600 повредени и над 45 лица спасени. Ова е еден од најфаталните земјотреси во последните децении, со повеќе од 200  земјотреси со помал интензитет регистрирани во рок од 24 часа.

Тажни слики дадоа медиумите во земјата, како и најголемите светски медиуми објавија за земјотресот. Солидарноста со Албанија доаѓа од сите земји што ја понудија својата помош.

Властите во Албанија објавија дека по земјотресот, земјата веќе добила  внимание и солидарност од регионот, Европската унија и САД. Тимови на медицински специјалисти и друга неопходна помош сега веќе се испратени во Албанија од сите земји од регионот и пошироко за оваа вонредна состојба во која минуваат местата склони кон земјотрес. Како никогаш порано, оваа солидарност е толку брза и толку енергична.

Во согласност со оваа солидарност се и бесконечен број граѓани од сите држави и нации кои ја изразија својата тага за животите изгубени во земјотресот во Албанија. Меѓу државите што понудиле помош е и Северна Македонија, која веќе одвоила почетна помош од 100.000 евра, додека се објави дека тим на 30 лица заминува на терен за помош. Спасувачките екипи и помошта во тешки времиња за Албанија веќе се испратени од сите балкански земји.

Во Македонија, отворени се и бројни пунктови за собирање на неопходни алишта и храна за семејствата што веќе се наоѓаат под отворено небо по земјотресите. Некои општини веќе обезбедија финансиска помош и друга неопходна помош.

Државните функционери и спасувачите се на терен уште од раните утрински часови и се во акција за спасување за многумина, кои, наводно, се наоѓаат под урнатините на рушените  згради.

Албанскиот премиер, Еди Рама, ја опиша ситуацијата како драматична, додека повикува на трпеливост и солидарност меѓу луѓето. Другите носители на јавни функции се веќе на теренот и повикаа на солидарност.

Како никогаш досега, политиката падна од дневниот ред, додека солидарноста преовладуваше. Илјадници молитви и поддршка за солидарност дојдоа од граѓаните низ регионот и пошироко. Трагедијата на овој земјотрес ја разбуди кај луѓето уште заспаната димензија која долго време се држи под урнатините на дневната политика. Трагедија ги обедини луѓето во болка, а силата на солидарноста се појави како длабоко човечка врвна димензија во овие тешки времиња низ кои минува Албанија, сите оние семејства погодени од земјотрес, од кои многумина ја поминуваат ноќта на отворено небо.