Денешна дата
24/02/2020

“ПРАЗНАТА“ ПОЛИТИЧКА БИТКА

Во рамките на овој “фатален“ круг на политичка фрагментација се чини дека се воспоставува и „битката“ за овие парламентарни избори. Засега има огромен недостаток на политички идеи, додека се продолжува со стариот аваз на политичко повторување што создава замор кај електоратот, со исклучок на партиските „милитанти“ кои “гласно навиваат“ без идеја што подразбира политичкиот и демократскиот простор.

Пишува: Бардул Заими

Политичката траекторија на Албанците во Северна Македонија отсекогаш била придружена со големи ветувања која на крај завршила со голема политичка атрофија. И покрај присилните политички прокламации, честопати фолклорни, без конкретна визија за пренесување на политичката волја на албанците во државата, политичките партии сè повеќе ги практикуваат стилските празни ветувања произведувајќи во секое време безброј разочарувања на албанскиот граѓанин.

Сепак, над овие разочарувања, над нереалните спорови и исто така нереалните фалења, политиката на Aлбанците во Северна Македонија изникна во содржина, дегенерирана во репрезентација и претрпе постојана суштиска дегенерација без ниедна креативна и модерна артикулација над сите преокупации на гласачкото тело упатено од страна на политичките партии.

По “епската“ опозиција меѓу ДУИ и ДПА, на кое му претходеше поранешната опозиција меѓу ПДП и ДПА, со времето во форма на незадоволство се случија политичките шизми внатре во партиите кои веќе ги децентрализираа овие противречности а други субјекти излегуваа од овие две партии.

Реално, од силните противречности помеѓу двата идеолошки вечно спротивставени субјекти веќе се поделија други политички субјекти кои го бараа својот политички идентитет како расколи за незадоволство во рамките на субјектите на кои претходно беа. ДПА го доби најголемиот удар од овие расколи. Исто и ДУИ но не со ист интензитет.

На последните парламентарни избори веќе беа политички структурирани уште две политички сили што беа етаблирани како парламентарни партии, Движењето Беса и Алијансата за Албанците, во кои беа вклучени и две помали помали партии. Засилување на овие два ентитета веќе создаде нова политичка реалност за Албанците утврдена со остро спротивставување.

Ова беше фаза кога биполарната политичка хомогеност веќе стана нестабилна политичка хетерогеност, во која секој субјект се обидуваше да го прикаже и прошири своето присуство пред албанскиот електорат. Дури и за време на оваа главно нејасна политичка фаза, политичките дискурси создаваа големи идеи, додека Северна Македонија минуваше низ тежок геополитички процес диктиран од нови геостратешки околности.

Оваа политичка хетерогеност што се појави пред последните парламентарни избори беше придружена со сосема нов елемент на политичката траекторија на Албанците во Северна Македонија, гласање на македонска партија, СДСМ. По изборите, оваа политичка хетерогеност ќе означи нов раскол во рамките на Движењето Беса, која на последните парламентарни избори обезбеди пет места. Од овој раскол ќе започнат да функционираат два ентитета, Движењето Беса како наследник со закон и партијата Алтернатива. Двата субјекти ќе тврдат дека се наследници на првичното движење.

Политичкиот плурализам има смисла во консолидиран и креативен демократски простор. Политичкиот плурализам не е партиски егоцентризам што само го потенцира политичкото присуство, но истовремено подразбира и политичко дејствување да одговори на предизвиците и очекувањата на гласачкото тело. Политичкиот плурализам не е политичка збунетост и атрофија, туку е динамичен приказ на политичката содржина што се артикулира како аспирација на демосот што се појавува како демократска волја.

Во планиметријата на оваа хетерогеност што се појави дури и во пресрет на овие предвремени избори, барем досега, немаме политички идеи, нови демократски практики, свесност за најразлични проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Дури и артикулациите што допираат до темите за идентитет како и секогаш продолжуваат да бидат само предизборни балони без одредена експертиза, без модерни политички формулации, без добра дебата и аргументирање.

Во текот на траекторијата политичките партии во албанскиот блок секогаш недостасуваше економската визија, недостасуваа автентични економски проекти што би ги исполниле очекувањата на албанскиот електорат. Секогаш доминираат празни патриотски теми, засилени во бескрајна трка за тоа кој е нај патриот. И сето тоа отсекогаш било во првите редови на политичките разговори, со што се опфаќа вистинската и модерната политичка артикулација на албанската чувствителност во институционалната планиметрија на Северна Македонија.

Реторика беше понудена наместо проекти, а наместо сеопфатност беа понудени фрагментарни фалења. Всушност, легитимноста на политичкиот плурализам како конкуренција на идеи, пристапи и практики стана хетерогеност на политичкото петелчење која во изборните циклуси произведе изборна фрустрација и политичка атрофија.

Во рамките на овој “фатален“ круг на политичка фрагментација се чини дека се воспоставува и „битката“ за овие парламентарни избори. Засега има огромен недостаток на политички идеи, додека се продолжува со стариот аваз на политичко повторување што создава замор кај електоратот, со исклучок на партиските „милитанти“ кои “гласно навиваат“ без идеја што подразбира политичкиот и демократскиот простор.

Легитимноста и каузалноста на политичкото функционирање во никој случај не подразбираат идеолошки сомнабулни оправдувања исто така и демонизации кои доаѓаат во форма на измами и мистификации надвор од орбитата на политиката. Политичко битие значи конкуренција на политички идеи во демократскиот простор. Може ли албанските политички партии да го надминат себеси на овие избори, и наместо да понудат кавги, навреди и пцуења, да им обезбедат на албанскиот електорат политичка визија и конкретни проекти од интерес за граѓаните?