Денешна дата
04/04/2020

ПРОТЕСТ ЗА ПРЕДИЗБОРEН НАРАТИВ

Овој протест беше целосно непотребен, во време кога правосудниот систем во државата во никој случај не може да има партиски и предизборен предзнак. Но, се чини дека СДСМ со овој протест конечно ја започнува предизборната кампања, напаѓајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, токму во пристапот кон правосудниот систем, откако не беше присутна во парламентот за време на гласањето.

Пишува: Бардул Заими

Во Северна Македонија, парадоксите немаат крај. Поранешниот режим на премиерот Никола Груевски, во екот на делириумот на власта, измислил таканаречени „контра-протести“, во време кога опозицијата протестираше против целосно абсорбација на власта. Типичен пример на тоталитаризам што се манифестираше како „демократски израз“ во време на длабока институционална криза.

Денес се случи подеднакво бесмислен и парадоксен протест, организиран од старана на СДСМ на поранешниот премиер Зоран Заев. И покрај аргументите со кои сакаат да го оправдаат овој протест, сепак кај јавноста се толкува како целосно непотребен протест, особено ако се земе предвид фактот дека правдата никогаш не може да биде партизанска, а пораките за функционирање на правосудниот систем не можат да доаѓаат во форма на протести од партија што раководи со владата.

Но, Македонија е земја на чуда и секое движење на политичките партии може да изгледа нормално. Како што е познато, на триумфализмот претворен во протест му претходеше едномесечен политички ќор-сокак со Законот за јавно обвинителство, Законот за Советот на обвинители, кој се сметаше за витален за иднината на Северна Македонија на патот на евроатлантските интеграции. Законот за ЈО, неговото гласање пред распуштањето на парламентот го препорачаа и меѓународните претставници во земјата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во секое време повикуваше да се гласа  овој закон, додека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ цело време потенцираше дека не треба да се брза со законот и даде забелешки за содржината на законот.

Сепак, во последните минути од Денот Д, овој системски закон го изгласаа 80 пратеници. Покрај СДСМ, овој закон го изгласаа и пратениците од албанските парламентарни партии. И покрај драмата во последен момент, добро е што беше изгласан овој закон, додека претставниците на ЕУ го препорачаа особено пред новата шанса за отворање преговори по позитивните знаци испратени од францускиот претседател Макрон.

Секако, овој ангажман со многу непознати внатре, е добредојден, но во исто време нема простор за триумфализам на предизборните протести кои доаѓаат како парадокс и делириум за моќ.

Овој протест останува целосно непотребен, во време кога правосудниот систем во државата во никој случај не може да има партиски и предизборен предзнак. Но, се чини дека СДСМ со овој протест конечно ја започнува предизборната кампања, напаѓајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, токму во пристапот кон правосудниот систем, откако не беше присутна во парламентот за време на гласањето.

Време е за предизборна кампања и политичките дихотомии бараат црно-бела шема, тие бараат обвинувања за корумпирана политика, и покрај фактот дека дури и сегашната влада помина низ некои сериозни афери. Овој протест мора да се разбере како предизборната кампања, во контекст на градење спротивставени политички наративи во рамките на кампањата.

Сепак, воспоставувањето на правосудниот систем е многу повеќе од овие проекции на изборната кампања. Подигнување на свеста за концептот за владеење на правото треба да се одвива во други институционални форми наместо во предизборни „маршеви“.