Денешна дата
04/04/2020

ЕВРОПСКА ВИЗИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Првиот самит на граѓанското општество од земјите од Западен Балкан се одржа во Тирана. Нов хоризонт на регионална соработка и можност да се погледне подалеку од sидовите кои раздвојуваат. Граѓанското општество силно креира нов простор за потикнувње европски вредности и воспоставување интегративни координати промовирани и преку Берлинскиот процес.

Пишува: Бардул Заими

Земјите од Западен Балкан се повеќе ја зголемуваат соработката помеѓу себе и даваат еден стимул на идејата да бидат во целосна корелација со европските вредности. Полека, но сигурно, земјите во регионот ја ридимензионираат својата предиспозиција за да бидат составен дел на ЕУ. Во функција на значителна соработка надвор од историските и политичките клишеа, Фондот за Западен Балкан го организираше првиот самит на граѓанското општество во Тирана, на кој учествуваа претставници на невладини организации од сите земји од Западен Балкан.

 

Во патот на зајакнување на регионалната соработка, граѓанското општество останува фундаментален фактор. Ова беше главната порака упатена од овој самит организиран во Тирана, кој за три дена по ред и ја даваше потребната дебата на граѓанското општество, и даде нова енергија за да ја алтернира благородната идеја за регионална соработка, како можност сите да бидат заедно дел од најдобрите европски вредности.

Фондот за Западен Балкан, преку сеопфатниот пристап собра на првиот самит на граѓанското општество, во разни граѓански организации, различни носители на одлуки,корисници на фондови до претставници на донаторската заедница за размена на информации и идеи што можат да придонесат за иднината на процесот за регионална соработка и помирување.

 

Учесниците на овој прв самит на граѓанското општество во регионот зборуваа за потребата од соработка и помирување како клучна премиса за отворање на патот за напредок и севкупниот развој. Тие, исто така, истакнаа дека граѓанското општество останува подготвено да соработува и да отвори нов хоризонт на развој во земјите од регионот. „Регионалната соработка е сеопфатен процес, не може да биде успешна без граѓанското општество. Фондот има за цел да стане мост за граѓанското општество со владите“, рече извршниот директор на Фондот за Западен Балкан, Ѓеррѓ Мура.

 

Ленка Виткова, шеф на Секторот за операции за правда и внатрешни работи на ЕУ во Албанија, рече дека „заложбата што доаѓа од Европската комисија и ЕУ е за интеграција на регионот. Граѓанското општество има важна улога. Тие се главната врска со граѓаните од регионот. Има еден приоритет што го има ЕУ а тоа е фокусот за човековите права “.

 

Според неа, Балканскиот фонд е добредојдена иницијатива што ги здружува владите за зајакнување на односите “. Имаме повеќе од 200 проекти во регионот. Веруваме дека помирувањето и соработката, добрососедските односи доаѓаат од самите земји. Европскиот проект е проект за мир, помирување, решавање спорови и граѓанското општество игра важна  улога“.

 

Првиот самит на граѓанското општество во Тирана е во насока на европската ориентација на земјите од регионот, во насока на уривање на шематските зидови подигнати од минатото. Граѓанското општество останува еден од најважните фактори за консолидација на демократскиот живот, нов простор за промовирање и култивирање на современи политики на функционирање во сите можни сфери на институционалниот живот. Политиката без граѓанска димензија останува дефицитарна и ризикува да се дегенерира во одлуки што се некомпатибилни со системот на европски вредности кои постојано го промовираат граѓанското општество.

 

Во синхронизација со оваа сеопфатна идеја да се биде дел од модерната политика, на отворените концепти, граѓанското општество ги руши студените sидови од минатото, кои честопати личат на sидовите на грчкиот поет Кавафис. Граѓанското општество е парадигма на друго време, хоризонт на друг поглед, кој го познава другиот, кој го почитува другиот како културна вредност, како граѓанин и како непрерасудно битие.

 

Одржувањето на неколку работилници за време на овој самит исто така беа во функција на истражување на нови можности за соработка, промовирање на поквалитетно образование, поинтензивни комуникации и културни интеркомуникации. Секоја група на овие работилници ги претстави своите препораки до владите и донаторите, и им даваа значење на приоритетите на ангажманот на граѓанското општество.

 

Фондот за Западен Балкан е меѓувладин инструмент, регионална иницијатива, кој го визуелизира регионот на Западен Балкан во мир и интегриран во Европската унија. Фондот за Западен Балкан е меѓународна организација основана од владите на договорните страни како што се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Договорот за создавање ФБП беше потпишан од министрите за надворешни работи на БП6 во ноември 2015 година. Фондот официјално започна со работа на 1 октомври 2017 година, по завршувањето на процедурите за ратификација од страна на парламентите на договорните страни.