Денешна дата
18/02/2020

Голема победа, ситен пазар за ДУИ

Експертите предвидуваат дека НАТО ќе биде само во рамките на партиските ветувања, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема да го промени нејзиниот политички курс

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), како победничка партија во албанскиот блок, стави на знаење дека пред статусот на Албанците го поставила НАТО и Европската Унија (ЕУ) но ако ова не се случи за шест месеци, тогаш ќе ја преиспита владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. “Приоритет на заедничкото владеење ќе биде интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ. Потоа ќе се постават на маса предизборните ветувања на ДУИ за прашањата во врска со унапредувањето на правата на Албанците”, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Со зачленувањето во оваа организација ДУИ го “услови’’  и признавањето на претседателот Ѓорге Иванов кој го смета за нелегитимен, бидејќи според Ахмети, него го бојкотираа над 90% од Албанците.

ДУИ во првите разговори за владиниот партнер не успеа да ја добие  функцијата на претседател на Собранието, иако за време на предизборната кампања, лидерот на партијата Али Ахмети постојано изјавуваше дека е дојдено времето една од трите највисоки политички позиции во Македонија да им припадне на Албанците.

Фејзи Хајдари, издавач на весникот “Лајм”, оцени дека нема дилеми дека преговорите за новата влада ќе се одвиваат помеѓу две нерамноправни страни.

На една страна ја имаме супер-слабата позиција на ДУИ, а на другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, која ја има позицијата на силниот “, речеХајдари за Inbox7.

 

Во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ ослабува позицијата на ДУИ

 

Малку пред објавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја состави новата влада, некои академици, интелектуалци и аналитичари Албанци, побараа во владата да се вклучи ДУИ, како победничка партија во албанскиот политички блок. Од победничката парија кај Албанците тие побараа  „на ниеден начин да не се гази врз волјата на 153.000 гласачи..

Aкадемикот Абдулменаф Беџети кој ја потпиша оваа петиција рече за Инбокс 7 дека иако сè уште нема детални информации за преговорите околу формирањето на новата влада од победничките партии во двата поголеми етнички блока, истите се “историски најслаби”.

 

abdylmenaf-bexheti

Ова повеќе кога се знае дека ВМРО-ДПМНЕ по апсолутниот бојкот на македонската опозицијата, никогаш не била послаба политички! Токму ова беше нашата причина за многуозборуваниот апел. Дури и од оние малкумина кои го сфатиле правилно! Апелот беше предупредување токму за победниците”, да не го симнат политичкиот пазар, бидејќи, и така сме историски прилично маргинализирани . За жал, ова и се случи”.

 

 

Другите “загриженикоишто се одамна покриени од политичката еклипса, ниту не очекувам ова да го разберат! Додека одредени други индивидуалци и аналитичари, кои некогаш, кога беа во власта на ДУИ, од Виена и потаму го прогласуваа Али Ахмети за херојски мит  денеска леат солзи за мотиви, само на ним познати, истакна Беџети.

Во рамките на ова, според Хајдари,барањата на ДУИ за време на разговорите ќе бидат запоставени.

Не се очекува ДУИ да има некој силна позиција во оваа влада. Ова ќе биде најслабата позиција на една албанска партија во владата, од почетокот на повеќепартискиот систем во Македонија”,рече Хајдари.

Eкпертот за политички прашања, Сашо Клековски, во една изјава за Инбокс 7, пред парламентарните избори, побара дел од валадата да биде албанската партија која има поблиска политичка идеологија со ВМРО-ДПМНЕ, а што според него е ДПА.

Сега, Kлековскипојасни дека формиирањето на владата помеѓу победничките партии е последица на фактот дека за ова постои неформален договор помеѓу партиите, и што според него  “владата ја формираат партиите кои имаат поголем број на пратеници”. Тој мисли дека коалицијата треба да биде идеолошка, а не етничка.

 

Груевски не се менува, ДУИ не излегува од Владата

 

Говорејќи за евро-атлатските итеграции, Беџети рече дека приоритет на Владата, декларативно, е членство во НАТО, но „не чепкајќиго името“. Додека приоритет на делот на владиниот караван на ДУИ, продолжува да биде НАТО.

 ”Верувам дека ги слушнавте изјавите на ВМРО во врска со ова, како од  нелегитимниот”, претседател, така и од високите партиски функционери на ДУИ.Ваквите најави и „црвени линии“, долго време сме ги вкусиле и надминале”, речеакадемикот Беџети.

Уште повеќе, Фејзи Хајдарине верува дека двете партии во Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе се согласат во врска со интегрирањето во НАТО, уште повеќе бидејќи сега ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник.

fejzi-hajdari-ibox

“За важните одлуки за Македонија, Груевски никогаш не ја  прашал ДУИ, односно Али Ахмети. Очекувам Груевски и понатаму да се однесува на овој начин запоставувајќи ја ДУИ”, потенцира Хајдари. 

 

 

 

 

ВМРО- ДПМНЕ го има клучот за долгорочноста на владата

Академик Беџети за долгорочноста на владата изјавувадека веќе осум години се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ одлучува до кога и како ќе функционира владата.

„Владеењето ќе трае онолку долго колку што сака ВМРО- ДПМНЕ”, заклучува Беџети.

А за условувањето на ДУИ, ако во рок од шест месеци Македонија не стане членка на НАТО ќе го разгледаат натамошното учество во владината коалиција, Хајдари рече дека фигуративно се работи за стар филм со нова изјава..

„Ахмети многу пати се закани за многу работи и сепак сите ги проголта и ја прифати формата која е полезна за Груевски”.

“Дефинитивно, ДУИ,никогаш не ја напушта владата поради барања. Ова го докажуваат последните напори по секоја цена да се биде дел од власта без политичка платформа”, вели Хајдари.

И експертот Kлековскисмета дека зачленувањето во НАТО и решавањето на прашањето за името зависи само од Македонците, Грција и клучните земји на НАТО.

 

saso klekovski

Ако во септември не станеме членка на НАТОпоради Грција, не верувам дека ДУИ ќе излезе од владата, смета Kлековски.

 

 

 

 

 

Некои од медиумите на албански јазик јавија дека ДУИ ќе има неповолна позиција не само за политичката платформа, туку и околу прераспределбата на министерствата и државните дирекции. ДУИ овие изјави ги оцени како неосновани. Разговорите за новата влада продолжуваат.

Уредник: Селим Ибраими

Преведувач: Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk