Денешна дата
10/07/2020

Искушенијата на човештвото – случајност или стратегија од повисок вид

Медицината е толку многу развиена и има најсофистицирани лаборатории, што секако дека може да се произведе здрав и безбеден живот, но може да се доведе и до целосна елиминција на човештвото

Пишува: Трифун Костовски

 

Последниов месец насекаде низ светот се појави една сериозна закана по човечкиот род. Вирусот кој се појави насекаде и кој рападни со шири е закана за животите на сите ранливи групи на луѓе. Тој се шири со таква брзина заради тоа што е нов и што нема имунизација, ниту пак вакцина, но и заради недоволна организираност на здравствените системи.

Во историјата се познати многу вакви периоди на масовен помор заради болест. Колерата која владее со Европа и светот од 14 до 17 век е можеби едно од најголемите искушенија кое сме го преживеале како човештво. А тоа не значи дека и пред неа немало вакви болести. Верувам дека човекот ќе се справи и со најновата закана наречена Корона (Covid 19), која, се разбира нема допирни точки со мексиканскиот бренд на пиво Corona.

Многу сум благодарен што целиот свет одговорно се вклучи во борбата против овој вирус. Тоа ми дава надеж дека светот се’ уште има волја да се обедини во заедничката мака, и дека се’ уште има простор за заеднички развој.

Бидејќи живееме во свет на материјални вредности и профит, кај мене се отвора една дилема: дали вирусот covid 19 е само мутиран вирус од претходните, или е лабораториски произведен и излезен од контрола, свесно или несвесно. Немам се разбира одговор и сознание, но можам да ги споделам своите дилеми. Медицината е толку многу развиена и има најсофистицирани лаборатории, што секако дека може да се произведе здрав и безбеден живот, но може да се доведе и до целосна елиминција на човештвото. Не сум склон кон теории на заговор. Имајќи на ум дека повеќемина во светот се водени од базичниот интерес, а тоа е профитот, не ја исклучувам можноста дека овој вирус е додатно испровоциран во некоја од лабораториите, со цел да се остварат одредени профити особено во фармацевтската индустрија.

Фармацевтската индустрија со своите лаборатории се многу посилни и подобро опремени и со човечки ресурси и со технологија па дури и од воената индустрија. Мојот ства е изграден врз основа на многу примери од лично искуство, бидејќи имам сознание од луѓе кои се водечки личности во светската индустрија дека фарматеутиката и она што се прави во самите лаборатории е чудо. Генералното продолжување на човечкиот живот е двојно поголемо во периодот на последните 5 – 6 децении. Не помнам во богатата историја на Англија монарсите да живееле најмногу до 50 години, а денес Англиската кралица е навлезена во 10 деценија, што секако е резултат на напредокот во медицинските науки и фармацевтската индустрија.

Токму заради ваквиот развој во оваа индустриска гранка, кај мене се јавува сомнеж дека овој вирус е посебно поттикнат за создавање на поголеми профити бидејќи денес обичниот човек за да се заштити од заразата и од последиците од овој вирус е спремен да го даде сето она што го створил, бидејќи животот е само еден. Во неформални разговори се претпоставува дека со подигнување на температурите овој вирус ќе исчезне. Тоа за мене сепак е загатка. Дали тоа значи дека целосно ќе се уништи, или ќе го чекаме неговото повторно појавување следната зима. Лично сметам дека најсилните разузнавачки агенции во светот со поддршка од врвни експерти и научници, мора да дојдат до решение кое ќе се справи со овој вирус, а пред се’ да ја најдат причината за неговото појавувавње.

Ова епидемија сите ќе не’ погоди, бидејќи на целата земјина топка зборот функционалност е избришан. Нема мобилност, се затвораат градови, држави, економијата и стопанството се силно погодени, затворени се училиштата, што значи и образованието страда. Овој удар најмногу ќе го почуствуваат развиените економски држави, меѓутоа да не се лажеме дека тоа и нас ќе не’ погоди. Затоа почитувани мои читатели да бидеме разумни и дисциплинирани и да го чуваме здравјето. Помалку дружби, помалку лични контакти и помалку допир со нешта кои можат да значат опасност. Хигиената и препораките на Јапонскиот институт за здравје треба да ги почитуваме.

Во надеж дека и ова зло ќе го надминем сакам да ви посакам убави и спокојни изолирани данови.