Денешна дата
30/05/2020

ЕДНА СОНЧЕВА НАДЕЖ ЗА КРЕВКИОТ СВЕТ

Секогаш кога човештвото ќе биде загрозено од невидлив непријател кој се појавува застрашувачки како закана, ние се стремиме да најдеме објаснувања во човечката мудрост, во тоа величествено искуство собрано во бесконечни студии и анализи. Тоа е стравот од непознатото што создава терор. Во еден од своите есеи, филозофот Николај Берѓаев вели дека ужасот е различен од стравот. Стравот, вели тој, е поврзан со конкретна закана, додека ужасот се потекнува од непознатото. Короната вирус останува „непознат непријател“.

Пушува: Бардул Заими

Светот е шокиран. Ништо не може да биде веќе како порано. Корона вирусот, и покрај развојот на технологијата, и покрај сиот човеков равој, ни даде до знаење колку е кревок човечкиот живот. Тој нè натера да сфатиме дека човечкиот живот е соживот на животот генерално ширум светот. Тој нè натера да сфатиме дека никој не може да живее задскриен надвор од идејата на севкупното човечштво што останува врвна суштина на нашето постоење.

Кога стравот тропа, човечкото суштество се престрашува. Тоне во своја ситност, во почетната неизвесност што отсекогаш го следела животот од нејзините најрани појави и до ден-денес, до денови исполнети со виртуелно совршенство, исполнети со возбудливи удобности, исполнети со идеја за неповредливост од непознатите сенки на веројатности од мини-универзи, други хабитуси што доаѓаат како невидлив непријател, но кој отсекогаш бил во наша средина.

И, секогаш кога човештвото ќе биде загрозено од невидлив непријател кој се појавува застрашувачки како закана, ние се стремиме да најдеме објаснувања во човечката мудрост, во тоа прекрасно искуство собрано во бесконечни студии и анализи. Тоа е стравот од непознатото што создава терор. Во едно од своите есеи, филозофот Николај Берѓаев вели дека теророт е различен од стравот. Стравот, вели тој, е поврзан со конкретна закана, додека хорор-теророт потекнуваат од непознатото. И додека ги гледавме гледките од првата ерупција во Вухан на Кина, толку значајни и ужасно предупредувачки беа стиховите на Брехт: „Тие се смееја сè додека лошите вести сè уште не пристигнаа“.

На истите фреквенции на разработување на оваа човечка реалност, на закана и манифестација на врвната осаменост доаѓа и „Чума“ на Алберт Ками, за која во овие денови на заканувања од корона вирусот  стана познат дека бил еден од најчитаните книги. Писателите во партитурите на нивното творештво ги доловуваат најдлабоките тонови на човековото постоење, целата кршливост на животот пред лицето на непознатото, и затоа моќта на нивниот говор останува постојана и универзална. Такви се романите кои ја отелотворуваат токму оваа човекова судбина, нападната од огромен број на низбрдици на животот.  „Лубовта во времињата на колера“ и „Сто години самотија“, кои се во фокусот на денешните читања.

Но, несомнено, во овој глобален мрак, во оваа загрозена сегашност која раѓа многу прашања и прима толку малку одговори, некаде на нивните инструменти низ целиот свет, стојат наведнати научниците кои се обидуваат да го објаснат „невидливиот непријател“, овој идентификуван непријател, но многу интелигентен кој  жнее  човечки животи. Величествена борба за да му даде на човештвото надеж за спасение, надеж да го порази и оваа невидлива сенка што го напаѓа човечкиот живот.

Во оваа ситуација на самоизолација, препорачана од најистакнатите научници, постојано објавувано од Светската Здравствена Организација, на луѓето им останува да бидат внимателни, одговорни да го изолираат колку што е можно овој „невидлив непријател“ кој не сака да се предаде.  Во првите редови на овој фронт се лекарите, новинарите и секој кој се обидува да го задржи нормалното функционирање во ситуација отежната од корона вирусот. И целата наша благодарност иде кај нив, за нивната работа, за нивната посветеност во овие тешки денови за сите луѓе на светот.

Се разбира, владите на сите земји веќе презедоа соодветни мерки препорачани од СЗО, додека тестот за граѓанска одговорност останува за момент најдобриот лек. Се разбира, во помалку развиените земји самоизолацијата е само по себе проблем. Посилните и поорганизирани држави, покрај изолацијата, презедоа и мерки за финансиска интервенција за заштита на економскиот колапс.

Во наши околности, останувањето дома е дефинитивно задолжително за да се спречи ширењето. Ова подразбира друга изолација. Изолација на домашната економија. Голем број домаќинства живеат со минимален приход од работата и секојдневниот опстанок, без некоја финансиска состојба на двонеделно или повеќевременско самофинансирање. Можеби звучи апсурдно, но ќе се појави и овој проблем. Владата треба да размисли за тоа. Без сомнение, контрола на цените и социјалниот живот се неопходни во многу специфични околности на социјална изолација!

Ние веќе не знаеме колку семејства се соочуваат со секојдневната егзистенција, додека владата, покрај апелите за изолација, не дава индикации за тоа како ќе управува со оваа димензија на општествениот живот. Во Германија, покрај тоа што им се дадени милијарди евра како финансиска инјекција за оваа состојба, се спроведува и граѓанска акција за да им се помогне на најстарите со најважни работи и услуги што се во согласност со мерките што ги прогласија владите.

Една извонредна хумана димензија. Нема ситуација толку безнадежна што човекот да може да ја исклучи хуманата димензија во себе. Ниту една закана не може да биде помоќна од лубовта кон човечкото суштество. Останува толку важно во оваа ситуација да се размислува и да се дејствува во оваа ситуација со рационалност и целосна хуманост. Презаситеноста тука и таму, од огромните набавки на храна, е себичност од свој вид. Не секој има можност за оваа привремена „безбедност“ која е повеќе психолошка. Оваа ситуација, пред сè, бара рационалност, бара заеднички дух, а не циничен егоцентризам за преживување. Ние не сме само ние, туку и другиот што е сличен на нас. Другиот сме ние, човечко суштество, барајќи дух на солидарност, барајќи човечност во ова затемнување на страв и ужас што го зафати светот.

Корона вирусот ја шокира човечката онтологија и останува предизвик на човековата заедница за негово надминување. Само-изолирани со идејата за универзално човештво. Сонцето повторно ќе изгрее …!