Денешна дата
04/04/2020

Хроника на еден онтолошки “шок“

Деновиве еден филозоф маестрално  рече „ понекогаш да се плашиш е храброст“. Несомнено во целото оваа онтолошкa загриженост, ние само можеме да го потврдиме нашето постоење, зашто ништо не може да биде толку пусто, додека има „едно срце што се надева“.

Пишува: Бардул Заими

 

Избувнувањето на вирусот корона во Вухан, Кина, на почетокот се чинеше како далечна закана, како нешто што се случува таму некаде, и што нема никаква врска со нас. Но една тенка и убиствена загриженост,  предупредувачки како да лебдеше во воздухот. За неколку дена беше сфатено дека заканата од овој вирус е веќе реална, додека од првичната небрежност не можеше да се изолира само на местото на појавувањето. Беше прашање на време кога овој вирус ќе се шири во други земји и беше прашање на време кога ќе се прогласи пандемијата.

Бидејќи вирусот се движеше бавно, се чинеше дека светот, државите, владите се движеа бавно и со безброј дебати за тоа дали тој е толку опасен. Светот беше во средина на две противречни состојби. Помеѓу идејата за продолжување на нормалноста и идејата за ограничување на слободата на секојдневниот живот на луѓето. Почетокот на проширување на вирусотво во Италија, дневните сцени на хорор кои доаѓаа заедно со вести за зголемени жртви, после Кина, сега веќе го запали алармот на целиот свет.

Светот се соочи со вонредна состојба што произлегуваше од ширењето на коронавирусот, сè уште неидентификуван вирус кој земаше човечки животи. Самоизолувањето веќе се сметаше како единствен лек за да се спречи нејзиното брзо и масовно ширење во околности кога светот веќе сфаќаше дека соочувањето со него ќе биде неизбежно и ќе бара многу владини одлуки и многу други големи активности за да се изолираат што е можно повеќе последиците од ширењето.

Речиси во сите земји првичниот „подмолен напад“ на коронавирусот беше перцепиран без голем ризик, но со текот на времето и по бројот на жртви што ги остави зад себе, скоро сите влади во светот беа принудени да го гледаат со реализам борбата против овој вирус, кој се шири неселективно во сите земји на светот.

Дури и овде кај нас, првично не се сметаше за многу голем ризик, но веќе презентираните случаи покажуваат дека вирусот веќе не е нешто што се случува таму некаде,  но е реална опасност која веќе им се заканува на сите. Секогаш е тешко да се воспостави реална перцепција во рана фаза за една невидлива закана. Но, се чини дека некои добро информирани луѓе веќе биле свесни дека „играта“ и „тапаните“ за нешто што се случува далеку заврши.

Останува да се напомене дека голем број на информирани, но исто така и со вонредна јавна свест, веќе ја проширија својата кампања за подигнување на свеста за ризикот и самоизолација во социјалните мрежи, во медиумите,  давајќи им почетна димензија на самозаштитата на голем дел од граѓанините. Повиците да останете дома, информации за општата состојба, препораките на владата, но и Светската здравствена организација веќе беа дел од оваа кампања, што во голема мерка влијаеше на брза свесност и усогласеност со овие препораки, што значи помалку ширење на вирусот.

Несомнено, веќе е креирана целосна свест за заканата од вирусот и граѓаните се придржуваат кон правилата на ограничување, со што се спречува ширењето на вирусот. Но, целата оваа граѓанска свест не помина без вонредни предизвици, без поплавување на псевдо-информации објавени од неодговорни медиуми, кои во некои случаи покрај создавање дневен тероризам, создаде и лажен мит на заговор што ги инспирирале многу луѓе да бидат безгрижни.

Коронавирусот, како никогаш досега, отвори глобална дебата за опасноста што и се заканува на човештвото, токму овој вид вирус, кој останува нестудиран до крај, неидентификуван според големината на опасноста што може да му ја донесе на човештвото. Овие дебати се присутни на различни нивоа, почнувајќи од научни, кои се обидуваат да ја идентификуваат природата на вирусот до филозофски дебати поврзани со човечкото суштество, со сета планиметрија на човековото постоење.

И, се разбира, дури и во однос на поелитната човечка мисла, постојат различни оптики за целата ситуација создадена од коронавирусот и за судбината на човечкото суштество во најдлабоките егзистенцијални димензии. Некои луѓе на умот  го истакнуваат претерувањето, поврзувајќи го со трансформација на политичкото битие, кое веќе се префрла од нивото на демократија и слободи во извршна моќ на државите. Според оваа оптика, оваа состојба е веќе воспоставување на приматот на државата како инструмент на моќ над луѓето и задушување на човековата единственост, во својата маленкост, во единствената димензија на опстанок и безбедност што ја спроведува државата.

И покрај овие мислители се и други кои сметаат дека опасноста е реална. Според нив, оваа опасност не само што е реторичка, туку се протега и на реална перспектива за закана што нужно значи глобален аларм за итни случаи, туку и ограничување како единствениот инструмент за спречување на фаталниот вирус за човечки животи. Оваа група на мислители смета дека не е време за реторички филозофии, туку за конкретни активности на владите за заштита на човечките суштества. Коронавирусот, во меѓувреме, се гледаше како од историска перспектива на пандемијата, но и од гледна точка на лек и можна вакцина што би ја олеснила човечноста во овие моменти на распространета страв.

Како никогаш досега, светот е пред дилема, трагедија и застрашувачка онтологија. Сè што изгледаше совршено, рафинирано, неповредливо во човечкиот живот за еден момент се враќа и станува кревка, штетна и крајно непредвидлива. Во димензиите на науката, особено човечката филозофија, овој онтолошки шок останува главна грижа. Во овој момент, на хоризонтот на човечката егзистенција, се појавуваат димензиите на апокалиптичките митологии, веќе итакнати од страна на најелитната човекова мисла.

Додека научниците ширум светот веќе работат со најголема итност да го идентификуваат овој „невидлив непријател“, да ја знаат неговата структура, природа и да го пронајдат потребниот лек и вакцина, многу престижни автори истакнуваат дека светот се соочува со неповратна транспозиција и ништо нема да биде исто како порано.

Самоизолирани дома, се чини дека сè вратено во целосна тишина, тишина што пука внатре. Една онтолошка пукнатина која поминува низ човечкото суштество, како страв, како ужас, како невозможност. Среде сето она технолошко воздигнување, човечкото суштество се соочува со исчезнувачката невозможност, пред себе, како чиста суштина, лишен од политика, од заедница, од тоа време исполнето со безброј движења кои беспрекорно се влеваат во општествениот живот како што го знаеме до сега.

И овде сме пред себеси, пред ледената надеж да продолжиме понатаму, да се преродиме од состојба на страв и ужас во друга димензија непозната за човечкото искуство. Самоизолирани, во спокојството на нашите семејства, ние можеме да копнееме по нашето време, за нашите искушенија, за целиот тој човечки однос што го подразбира другиот како неповторливи човечки суштества. Како никогаш порано, можеме да разбереме дека и покрај сè, и покрај физичката дистанца, севкупен човечки сјај, трајното зрачење на човечката лубов може да му даде најдлабоко значење на нашето постоење. Еден филозоф деновиве маестрално рече „да се има страв понекогаш е храброст“. Несомнено во целата оваа онтолошкo пукање , ние само можеме да го потврдиме нашето постоење, зашто ништо не може да биде толку пусто, додека има „едно срце што се надева“.