Денешна дата
31/05/2020

ЖИВОТОТ СО ВИРУС COVID 19

На целата планета Земја нѐ има повеќе од 7 милијарди жители. Бидете сигурни дека и 10 пати посилен COVID 19 да се појави нема да биде во можност да го уништи човештвото, а од друга страна имаме толку многу атомски боеви глави кои се чуваат под многу специфични услови кои што чинат многу пари и може да не збришат сите 7 милијарди, па дури и да ја уништат планетата  Земја.

Пишува: Трифун Костовски

 

Почитувани читатели,

Во мојот релативно долг живот не сум поминал ниту една година без да бидам предупреден и превентивно да земам вакцини за одредени болести предизвикани од некој вирус, а кои што имаат последици по здравјето на човекот.

Сметам дека сум одговорен човек и ги пратам сите текови предложени од современата медицина со цел да го заштитам сопственото здравје како и здравјето на моите најблиски.

За прв пат се сретнуваме со вирус кој навидум делува како моќна закана против здравјето на човекот – човекот треба да има силен имунитет за да се спротистави или ќе биде негова жртва.

Во минатите колумни пишував дека во медицината треба да се вложуваат многу средства, со што же им се овозможи на еминентни вирусолози и имунолози да превенираат и  да дадат решение за борба на таквиот напад.

За жал во реалноста тоа изгледа сосема спротивно. Денес, постои вербалана војна помеѓу Соединетите Американски Држави и Кина во која главниот проблем е кој ќе го однесе големиот профит доколку Кинезите ја пронајдат таа вакцина.

Да бидам појасен, јас сум многу далеку од политичките игри каде што, ќе повторам доминира профитот и капиталот, а не човекот.

Сѐ уште ми е несфатливо, а претпоставувам и на многумина од вас, зошто најсилните држави и економии во светот, во своите буџети предвидуваат огромни средства за воената индустрија кога ни е јасно дека секое оружје произведено од човекот се користи за негово уништување.

Дали ќе можеме да ги победиме човечките инстикти за профит, моќ, а најмногу за власт?

На целата планета Земја нѐ има повеќе од 7 милијарди жители. Бидете сигурни дека и 10 пати посилен COVID 19 да се појави нема да биде во можност да го уништи човештвото, а од друга страна имаме толку многу атомски боеви глави кои се чуваат под многу специфични услови кои што чинат многу пари и може да не збришат сите 7 милијарди, па дури и да ја уништат планетата  Земја.

Повеќе од јасно е дека вирусот COVID 19 во основа ќе го измени нашиот понатамошен стил на живот, од аспект на безбедно живеење како и социјално-општествено.

Длабоко ќе ја удри економијата која веќе покажува силни знаци на немоќ да се справи во овие тешки моменти.

Ќе ни недостасува нашиот несушен леб за да преживееме. Сето ова го пишувам и споделувам за да го поттикнам можеби ослабениот дух и да повикам да не се откажуваме од она што нам ни припаѓа, од прекрасната природа, од нашето општествено битисување во заедници.

Целта ми е да укажам дека мора да се застапуваме кај политичите актери во секоја земја, превентивно да се осврнат кон човекот како поединец, а не како бројка, да бидеме вистински луѓе, да надвладее хуманоста и разумот, добрината, а не злото и алчноста, а  животинскиот нагон за самоуништување да го елиминираме.

Би сакал да завршам со една констатација дека на ниеден поединец не му е на одмет малку повеќе љубов и да почувствува дека општеството се грижи за него, за неговото опстојување и напредување во сите полиња на животот.