Денешна дата
14/08/2020

МАЛ ПРИДОНЕС НА МТВ ЗА ГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА КОМЕТАЛ ЃП

Ете се сетивме за “полнолетство“ од незборавниот успех на ракометарките на Кометал ЃП. Со  задоцнување го прочитав сеќавањето на  господинот Трифун Костовски најголемиот “виновник“ за нашата севкупна македонска радост  од пред 18 години. Му благодрам, но во исто време ме потсети и на  малиот придонес на  МТВ во  “раѓањето“ на негвата љубов кон ракометарките од Ѓорче Петров.

Пишува: Атанас Костовски

 

 

….Еден ден во Спортската редакција на МТВ пристигна покана од претставништвото на “Кометал“ од Скопје  наша телевизиска екипа да ја посети Виена и  да подготви репортажа од спортскит игри на вработените на нивната фирма во Виена. Се разбира,патувањето и престојот ќе биде на нивна сметка. Како уредник на редакцијата го образложв предлогот на претпоставените, последен виза даде генералниот директор Тихомир Илиевски. Набргу екипата во состав Зоран Николовски (новинар), Драги Таневски( снимател) и Варнава Андреевски ( тон снимател) отпатуваа за Виена. Впечатлива беше нивната  подготвена 30 минутна репортажа на првата програма на МТВ. Неколку денови по емитувањето на репортажата лично господинот Трифун Костовски, со шише виски во рацете, дојде во редаквијата да се заблагодари за  квалитетното телевизиско  презентирање на нивните спортски игри во Виена. И додаде- “во можност сум,би сакал нешто и да помогнам на нашата  Македонска телевизија“.  Ова веќе е  муабет за кај генералниот, па веднаш бевме примени кај господинот Тихомир Илиевски. Нашиот гостин од Виена инсистираше за помош, јас пак знаејки ги маките на нашиот шеф на преносната техника Александар Вукичевиќ, веднаш предложив  Костовски да ни купи, односно поклони еден мобилен линк! Речено – сторено, но бидејки линкот, кој и денеска веројатно е во функција, е подарок, поради многуте законски процедури долго време  беше во магазините на  царината.

По првата средба добив впечаток дека господинот Костовски иако работи во Виена, пулсира заедно со нас  во Скопје и Македонија и дека е голем пријател на спортот. Бев убеден во тоа, па откога ракометарките на “Ѓорче Ѓетров“ за противник ја добија екипата на “Хипо банка“ од Биена, му прдложив на генералниот секретар на клубот Неделко Неделковски да контактира со господинот Трифин Костовски во  врска со нивниот престој и  “навивачка“ подршка во Виена. Дека работите успешно се завршија, дознав кога од Виена официјално добив телекс-покана како гостин на “Кометал“ односно на господинот Костовски да патувам  со екипата на “Ѓорче Петров’ во Виена. За ова морав да реферирам кај Генералниот, па од кога добив одобрение, се најдов во чартер авионот за Виена заедно со преставникот на “Кометал“ во Скопје  Андреја Герасимовски, поранешен познат македонски атлетичар. Од претседателот на клубот Иван Бојков добив обврска, заедно да слеземе од авионот и да го запознаам со нивниот домакин во Виена, првиот човек на“Кометал“ Трифун Костовски. Се случи тоа нивно прво ракување на виенскиот аеродром, а  сето тоа потоа е- историја!. Во своите сеќавања господинот Трифун Костовски напиша за Иван Бојков, а јас пак мислам дека тоа се однесува за двајцата кои со своето “ менаџерство, тактичност и визионерство“   стигнаа до Европската шампионска титула.

Нивната средба веројатно ќе се случеше и подоцна , но МТВ придонесе таа да се оствари во вистинскиот момент за наша голема македонска спортска радост.