Денешна дата
26/11/2020

ПРОЛОГ НА ЕДНА “ЖЕШКА” КАМПАЊА  

Плурализмот значи конкурентни идеи, дебата, спротивставување и пред сè политичка аргументација за одбрана или спротивставување на политички идеи. Демократијата не е празен простор, напротив, таа е постојана политичка динамика на идеи и визии, антагонизми, легитимитет и изборна делегитимизација. Се разбира, секоја политичка идеја бара политички и демократски концепт за водење на доставената политичка суштина. По се изгледа предизборната кампања ќе биде “жешка“ а ќе доминира проблемот со менаџирање со пандемијата

 

Пишува: Бардул Заими

Прологот на изборната кампања предизвика жестока дебата за идејата што ја лансира лидерот на ДУИ Али Ахмети за, како што го нарече „првиот премиер албанец“. Политичкиот простор постои и има смисла од политичките идеи за кои се дебатира. Ниту една политичка идеја не може да се демонизира. Оваа идеја е исто така легитимна и демократска. Се разбира, во предизборниот контекст, таа ќе биде предмет на дебата и во меѓувреме ќе произнесе аргументи за и против. Опозицијата има право да ja оспорува со аргументи, исто како што ДУИ има право да ја брани како предизборна кауза. На крајот на краиштата, целата суштина на предизборната кампања е изградена врз политичко-идеолошките антагонизми кои се насочени кон гласачкото тело.

Ова не е единствената идеја во албанскиот политички блок. Исто така, како политичка идеја, се појавува промена на формулацијата од 20 проценти за Албанците во уставот, промовирана од Алијанса за Албанците и дводомниот парламент, како и уделот во буџетот што го промовира ДПА. Претходно, имавме идеја за редефинирање промовирана од Движењето Беса.
И покрај помирувањата и несогласувањата, сите овие претставуваат политички идеи промовирани како политички визии и афирмирани во предвидениот електорат.
Демократијата е рамка на идеи, дебати и политички чинители кои го таргетираат електоратот за насочување на моќта во идна влада. Токму во овој простор на демократијата политичките субјекти го покажуваат својот протагонизам. Можеби не се согласуваме со идејата, но тоа не значи дека нема целосен легитимитет да се промовира, но истовремено да се оспорува од сите оние кои размислуваат поинаку.

Плурализмот значи конкурентни идеи, дебата, спротивставување и пред сè политичка аргументација за одбрана или спротивставување на политички идеи. Демократијата не е празен простор, напротив, таа е постојана политичка динамика на идеи и визии, антагонизми, легитимитет и изборна делегитимизација. Се разбира, секоја политичка идеја бара политички и демократски концепт за водење на доставената политичка суштина. Политичката идеја не може да биде надвор од контекст и надвор од дадена социо-политичка реалност, затоа што како таква ризикува да биде празна реторика. Политичката идеја мора концептуално да ги артикулира плачењата на реалноста, односно очекувањата на електоратот. Во случај политичката идеја да не е структурирана и операцијата да биде политички оспорена, таа се претвора во реторика без никаква корист за граѓаните.
Се разбира, ова е само увертира во предизборната кампања, а во меѓувреме политичките партии веројатно ќе излезат со свои програми преку кои ќе ги легитимираат политичките идеи.

Времето на пандемија не е добро за каква било сеопфатна кампања. Владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во меѓувреме, се договорија датум за изборите да биде 15 јули. СДСМ на која и се брза и колебливата ВМРО бараат гаранции за легитимен изборен процес, што значи протоколи дефинирани за Ковид 19 и мониторинг од ОБСЕ и ОДИХР.
Најверојатно, во целата кампања ќе доминира проблемот со управување со пандемијата. И сите политички идеи ризикуваат да бидат засенети од последиците од пандемијата. Едно е веројатно дека ќе биде дел од жестоката дебата, идејата за премиерот албанец промовиран од лидерот  на ДУИ Али Ахмети. Оваа дебата ќе се одвива во две политички хемисфери. Во албанскиот политички блок и во однос на македонските политички партии.
Се разбира, само идејата не е доволна, доколку не биде проследена со политички план што подразбира реални очекувања на електоратот.
И очекувањата на електоратот се големи, особено во време на економски колапс заради пандемијата. Невработеноста е рекордно висока, додека економската перспектива не е на повидок. Политичките идеи без суштински структури можат да останат само предизборни слогани. И ова не е дека не се случило во Северна Македонија.
Останува да се види дали ќе влеземе во квалитативна демократска дебата за да произведеме нови практики на управување или дали ќе продолжиме со старата реторика на реторика која секогаш предизвикува разочарување кај граѓаните.