Денешна дата
21/09/2020

ПОЛИТИЧКИ РЕТОРИКИ И ТЕМНАТА РЕАЛНОСТ

Се чини дека полека предизборните соништа се соочуваат со тврдоглавоста на реалноста. Граѓаните од предизборниот „рај“ се спуштаат во секојдневниот „пекол“, кој со години се „култивира“ како безнадежна состојба од страна на политиката. Паралелно со разговорите за формирање на нова влада, во земјава се одвива драма за опстанок која ги погодува сè повеќе граѓаните.

Пишува: Бардул Заими

 

Конституирањето на парламентот значи и официјален почеток на математики за формирање влада. Досега имаше бројни партиски „гласини“ за можни коалиции, но тие претежно биле испорачани со „гласови“ блиски до партиите, додека официјално партиите молчеа и го повторија рефренот дека се подготвени да разговараат едни со други и дека ќе останат посветени на патот на евроатлантските интеграции.

Дел од пост-изборниот спин, исто така, беше еден вид “триумфализам“ што бараше “опуштање“ на потенцијален коалициски партнер. Ова е позабележително помеѓу двата победнички субјект на овие избори, СДСМ и ДУИ, кои со „пеглани“ зборови укажаа дека нема да се повлечат од прогласените предизборни позиции. Иако сè уште е нејасно во формирањето на владата, веќе по формирањето на парламентот, песочен часовник на време ги одбележува деновите на роковите предвидени со закон.

Северна Македонија се соочува со комплицирана состојба со пандемијата, но во исто време се соочува со уште една комплицирана ситуација за  формирање на владата, и покрај тоа што во време на пандемија се бараше да се одржат избори за да има политичка влада, со што најефикасно би се решиле безброј проблеми за граѓаните.

Во врска со ова беше изјавата на американскиот амбасадор во Скопје, Кејт Мери Барнс, која повика да се формира влада според законските рокови, за Северна Македонија да се соочи со состојба која ја создала пандемијата, но и други проблеми што се детерминираат од пандемијата, како што е влошената економска и социјална состојба.

За време на предизборната кампања, политичките партии ветија многу работи во корист на благосостојбата на граѓаните, за доброто на нивниот животен стандард, во корист на перспектива што ќе остави зад себе влошената економска состојба со години. Како и обично, за време на кампањите „децибелите“ на ветувањата се искачија на небо, нудејќи им на граѓаните „рај“ на земјата, ветувајќи стандард на живеење, слобода, развој, правда за сите, еднаквост итн. И, тоа не е првпат ветувањата да бидат дадени со помпезни реченици , без да се знае како можат тие да се реализираат. Не е прв пат да се вети многу, но продолжува со стариот аваз на институционални дегенерации.

Десетици скандали во последните години покажуваат дека менталитетот во Северна Македонија тешко се менува. Развој беше ветен уште порано, но поранешниот режим понуди културни кич проекти, кои вриеа со корупција. Претходната влада исто така вети правда, но во јавноста се појавија „Луи Витон“ чанти , кои со илјадници нишки остануваат врзани со власта. „Рајот“ е ветен цело време, но во реалноста е понудено „пустината“ на големо напуштање на младите кои ја бараат својата судбина да го најдат на место каде се почитуваат нивните соништа и достоинство.

Целата оваа логика на моќ што само го менува „лицето“, но во суштина останува иста, се чини дека дава знаци на дегенерација во овој пост-изборен период. Само неодамна се дозна дека многу компании кои добиле помош од државата за своите вработени, не им ја дале оваа помош, додека „се жалеа“ дека државата не им дава помош. Со текот на времето, беше објавено дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 проценти, додека се најавени протести. Според некои анализи, врз основа на просечната плата, Северна Македонија има највисока цена во Европа за електрична енергија.

Се чини дека полека предизборните соништа се соочуваат со тврдоглавоста на реалноста. Граѓаните од предизборниот „рај“ се спуштаат во секојдневниот „пекол“, кој со години се „култивира“ како безнадежна состојба на политика. Паралелно со разговорите за формирање на влада, во Северна Македонија се одвива драма за опстанок која ги погоди многу граѓаните. Токму оваа ситуација, претставува, за новата влада еден вид “планина“ со предизвици за кои се потребни итни решенија. И, во овој контекст, пред да се појави дилемата за тоа кој ќе ја формира владата, се чини дека хамлетова дилема останува она што ја чека следната влада, особено по предизборните ветувања, но и мрачната реалност што доаѓа!

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)