Денешна дата
29/11/2020

ВО ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА

Зошто госпоѓо Ангеловска-Бежоска посегнавте по моето најсвето во животот, по мојот образ и достоинство? Кој ѓавол ве натера да го направите овој непромислен чин? Прашувам најотворено, со кого се има консултирано вон вработените во Народна банка за носење на ваквата одлука, без да ги согледа социо-економските последици на ваквата одлука. Што би рекле старите – БЕЗ УСУЛ.

Пишува: Трифун Костовски

 

Навистина мислам дека го узурпирав просторот кој ми е доделен да пишувам колумни, меѓутоа верувале или не, сеуште неможам да се освестам од непромислениот чин на Гувернерката Ангеловска- Бежоска, за носењето на Еуростандард банка во стечај.

Многу мои пријатели ме советуваа да не ги споделувам моите најдлабоки мисли, размисли и чувства, меѓутоа јас сум зрел човек со големо животно искуство и сметам дека моите сограѓани треба добро да ме запознаат, за тие што до сега не ме запознале.

Не барам од вас милост почитувани читатели, не барам од вас да бидам сакан и почитуван, туку барам вие и јас да не дозволиме некомпетентност на личноста во името на Гувернерката да делува врз судбината на граѓаните, користејќи го дискреционото право кое го има согласно Законот за банки, кој, според е целосно ретрограден. Замислете дискреционо право + некомпетнтност = катастрофа.

Многумина од вас, што би рекле старите скопјани, се ситат на мојата мака, но јас не ги осудувам, ниту ги мразам, бидејќи тие се дел од моето државотворно ткиво.

Аналогно ќе почнам по ред на нештата.

Одлуката за стечај на Еуростандард банка се носи по тукушто завршената вонредна состојба, предизвикана од пандемијата Ковид-19, во истиот момент во политичка смисла, кога во Македнија владее БЕЗВЛАСТИЕ – во тој момент немаме Собрание, немаме легитимна Влада. Ова ми го наметнува прашањето дали госпоѓата Ангеловска-Бежоска не чувствува дека како Гувернер, како прв човек на Народна банка е дел од еден взаемен систем за функционалност на државата.

Прашувам најотворено, со кого се има консултирано вон вработените во Народна банка за носење на ваквата одлука, без да ги согледа социо-економските последици на ваквата одлука. Што би рекле старите – БЕЗ УСУЛ.

Сега би се навратил на првите информации што ги добив по објавата за стечај на банката, кои ќе ги набројам таксативно.

  1. 180 вработени во Еуростандард банка ја изгубија својата работа.
  2. Македонски пошти ги стави на колена и веќе се најавуваат нови отпуштања поради изгубениот статус да ги сервисира и најзафрлените места во Македонија.
  3. Ваквата непромислена одлука погоди илјадници правни и физички лица, но најмногу го погоди кревкиот социјален слој на граѓани. Кога велам социјалниот слој на граѓани имам предвид дека преку Еуростандард банка се исплаќаа преку 120 илјади пензии. .

Голем број од овие пензионери се упатија кон другите банки, но не сите успеаа да си ги префрлат пензиите и останаа армија, преку десетици илјади пензионери кои не ги добиле своите пензии.

Причина за ваквиот хаос меѓу пензионерите се двобазични. Прво, софтверот на Еуростандард банка за да може да биде преземен од другите банки ќе бидат потребни три до четири месеци или просто кажано тоа не е обичен штекер за струја кој кога сакаме ќе го исклучиме или вклучиме. Вториот, уште побитен елемент е што имам информација од внатрешноста, дека многу банки ги одбиле пензионерите да отворат сметки од наједноставна причина што за извршена услуга Еуростандард банка наплаќала во просек по 20 денари од трансакција, додека останатите банки наплаќаат повеќекратно од споменатата сума.

Во овој ситен сегмент јас ја гледам и социјалната страна на функционирањето на Еуростандард банка.

Госпоѓата Ангеловска-Бежоска незнам дали воопшто има пријатели, другари, меѓутоа јас ги имам на илјадници кои што имаат доверба во мене и поради таа доверба и тие настрадаа.

Само за пример ќе ми дозволите да ви ја пренесам пораката на мојот пријател, со кој сме пријатели скоро половина век.

Pocituvan Trifun,Dragi Br.Trifun,Drag dobriot dedo Trifun,

Vo nemoznost da se cueme,od tebe poznati pricini,ti se javuam na ovoj nacin

Ne znam kako da te oslovam no ce pocnam od dobriot dedo Trifun.Taka  na vnukickata i velev koga ce me prasase, dedo koj mi gi cuva moite pari,i odgovarav deka ima eden dedo koj e mnogo dobar i pravi dobri dela a i na decinjata im gi cuva parite koi gi dobile po razni povodi;rodenden,Bozic,Veligden i sl.I sega sto da i kazam

Vo TVOJATA BANKA JAS LICNO GI NATERAV da stedat, stedevme jas,zena mi,sin mi i vnukata preku mene, firmata na Marko. Marko poslednite pari gi vlozi 09.07.20 koga vece si bil bankrot. Isto taka na Marko firmata rabotese preku tvojata banka i na ziro s-ka mu ostanaа zarobeni pari, a jas penzijata ovoj pat ne ja dozedov i mi ostanaa isto taka zarobeni pari.

Site ovie pari MI GI DОLZIS TI LICNO. Da ne bese bankata na gazda Trifun jas tamu nikoj pat nemase da gi vlozam parite pa i da gi nagovoram zena mi, sin mi i drugi,ama TRIFUN GO ZNAM OD 1977, koga bese raferent vo Tehnometal i uste cetirieset i kusur godini. Pa  brat mi, zar toj ce me izlaze?

Parite ne se kradeni, ne se od provizii tuku od prodazba na nedviznosti koi moravme da gi prodademe zosto zena mi dobi karcinom, a jas doziveav infarkat so vgradeni rezevni delovi vo srceto i den denes dvajcata se lecime i sme pod terapija.

MOLAM parite da ni gi VRATIS TI LICNO, TE SMETAM ZA DOLZNIK, a ako stecajniot vrati nesto, seto toa ce ti go dadam.Tugji pari ne mi trebaa, a moite si gi sakame. Momentalno nemam gotovina ni za lekovi. No komu mu zboruvam? Vo sprotiv ce te smetam za dolznik ZA NAVEK.

 

Вакви пораки имам добиено на илјадници. Зошто госпоѓо Ангеловска-Бежоска посегнавте по моето најсвето во животот, по мојот образ и достоинство? Кој ѓавол ве натера да го направите овој непромислен чин?

 

Оваа банка беше green-field инвестиција, и оваа година банката требаше да ја прослави 20 годишнината од своето постоење. Замислете, 20 години да градите систем со сите детски болести од настинки, големи и мали сипаници и пубертет и за 2 минути со само една одлука која самата си ја ставила во глава, ништи не едно, туку многу семејства.

 

Престанете да се криете зад институцијата Народна банка, вие сте исклучиво единствен виновник за ново-настанатиот хаос во банкарскиот систем во Македонија. Можеби вие и не сте криви, криви се тие што ве поставиле.

 

Почитувани читатели… јас, стојам зад своите пропусти и ќе одговарам, милост не барам, меѓутоа имајте на ум дека ова денес што мене ми се случува, може да му се случи секому. Со сеирот треба да се биде претпазлив, бидејќи ако мечката чука на мојата врата, бидете сигурни дека утре ќе чукне и на вашата.

 

Во сите мои колумни завршував со ставот дека треба да размислите, но овој пат ќе завршам со повикот дека треба да дејствувате, секој колку што може, согласно своите можности.

 

Длабоко сум убеден дек оваа неправда ќе ја исправам, а колку тоа ќе ме чини по моето здравје, мирот, спокојот, верувајте воопшто не размислувам, јас се вложувам и ќе се борам со неправди.

 

Нека ни е честит денот на неѕависноста 8 Септември. Се надевам дека навистина ќе покажеме дека Македонија е независна, праведна и демократска земја.