Денешна дата
02/12/2020

Соопштение до јавноста

Пишува: Трифун Костовски

 

Вчера 19. 10. 2020, Народна банка изјавија дека Еуростандард банка отишла во стечај, бидејќи не ја исполнила својата законска обврска за докапитализација.

Со нивната изјава потврдуваат дека сите алатки за стабилизирарање на Еуростандард банка не биле користени.

Би сакал да расчистиме – Народна банка е регулатор, кој треба да ги регулира финансиските текови во државата. Народна банка не е инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казни. Во случајов, Народна банка не прави разлика во поимањето регулатор и инспектор.

Невозможно е од 6,55% адекватност на капиталот кон крајот на март 2020 година да падне на 2% адекватност, во рок од  4,5 месеци, во кои 3 месеци и 1 недела имаше вонредна ситуација.

Веселата математика направена од страна на Народна банка не држи, падот од 6,55 % адекватност на капиталот на само 2 % адекватност е чиста математика, со носење на лошите пласмани во уште полоша категоризација.

ЗОШТО?, ја прашувам Народна Банка, кога при тој слободен пад на адекватноста на капиталот, кој за 4,5 месеци од 6,55% падна на 2% не ги примени алатките: Вонредни мерки и Администрација.

Почитувани дами и господа од Народна банка, барам веднаш оставка од целото раководство поради свесно носење на банката во стечај,  со што загрозивте десетици илјади правни и физички лица.

Ако имате и трошка доблест тоа ќе го сторите веднаш.

П.С.       Подобро да молчите, бидејќи со секој ваш кажан став се деградирате себеси и институцијата Народна банка.