Денешна дата
20/01/2021

Факторингот можност за брза ликвидност

 

 

Факторингот или откуп на долгови, е услуга што треба да им обезбеди брза ликвидност. Оваа финансиска активност им помага на малите и на средните компании да можат брзо да ги наплатат побарувањата и полесно да направат нов инвестициски циклус.

Веќе неколку години во Северна Македонија се спроведува проект на Усаид за подобрување на наплатата.

„Од почетокот на проектот во 2017 година, потпишавме повеќе од 300 договори со мали и средни претпријатија и им помогнавме на околу 150 бизниси да добијат финансии во вредност од 3,5 милиони американски долари. Со цел да се зголеми пазарната свест за алтернативните финансиски инструменти, организиравме повеќе од 50 настани и работилници. Преку работата на овој проект, се зголеми бројот на финансиските институции кои нудат факторинг, и се креираше вкупно портфолио на факторинг од 7 милиони евра во 2017 година до над 40 милиони евра во 2020 година. “ –изјави Ловре Ристевски, директор на Проектот на УСАИД за факторинг.

Ристевски на он лајн презентацијата во петокот, потенцираше дека има голем интерес за овој финансиски инструмент кај компаниите.