Денешна дата
21/03/2023

Сметководители најавуваат штрајк

Горан Лефков

 

Одложување на роковите за поднесување на завршните сметки и неколку други обврски што ги имаат во првиот квартал на 2021 година, ова е барањето кое го испорачаа на Владата околу 2.200 сметководители во земјава. Причина за ваквото барање е состојбата со Ковид-19.

„Имаме колеги сметководители кои се позитивни на Ковид – 19 и се во изолација. Ризикот дека тие сметководители можат да заразат странки и обратно е голем. При крај сме со силите и се сомневам дека можеме да одговориме на предвидените рокови“, вели Ели Дамјаноска, сметководител.

 

 

Рокот за состанок кој и е даден на Владата е 21 јануари 2021 .

Групата е самоиницијативна и не ги застапува ставовите на некоја од гранските комори или здруженија.

Еве дел од нивните барања:

  1. ДДВ пријавите за 2020 да се поднесуваат до 15 Февруари 2021 и пролонгирање за 30 дена на следните рокови за поднесување на ДДВ пријави додека трае пандемијата;
  2. За 30 дена пролонгирање на поднесувањето на КИПО образецот за 2020;
  3. Роковите за годишните завршни пресметки да се пролонгираат за 45 дена;
  4. Законскиот рок од 15/01/2021 година за регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници да се пролонгира за 30 дена;
  5. Новиот ДЕ образец да започне со имплементација од 2022 година;
  6. Воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици да биде одложено за 2022 година;
  7. Да нема затезни камати за компаниите чии сметководители се позитивни на Ковид 19.