Денешна дата
07/03/2021

Протест на сметководителите

Од Владата никој не ги прими, иако протестираа пред седиштето на Илинденска

Горан Лефков

 

Сметководители денес протестираа пред Владата, барајќи пролонгирање на роковите за доставување на даночни документи. Главна причина за барањата за продолжување на роковите е состојбата со Ковид 19 помеѓу нивните колеги.

„Скоро две децении, сметководителите пробуваат да се избороат за достоинствена професија, и истата да ја подигнат на нивото кое го заслужува. И покрај нефукционален Закон и немање слух за проблежите, сите овие години, тие се и ќе останат вредни работници“, вели за Инбокс 7 Ели Дамјаноска, сметководител која и магистрирала во 2012 година.

Еве дел од нивните барања од денешниот протест:

 

  1. ДДВ пријавите за 2020 да се поднесуваат до 15 Февруари 2021 и пролонгирање за 30 дена на следните рокови за поднесување на ДДВ пријави додека трае пандемијата;
  2. За 30 дена пролонгирање на поднесувањето на КИПО образецот за 2020;
  3. Роковите за годишните завршни пресметки да се пролонгираат за 45 дена;
  4. Законскиот рок од 15/01/2021 година за регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници да се пролонгира за 30 дена;
  5. Новиот ДЕ образец да започне со имплементација од 2022 година;
  6. Воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици да биде одложено за 2022 година;
  7. Да нема затезни камати за компаниите чии сметководители се позитивни на Ковид 19.

Тие побараа отворање на долго планираниот Институт за сметководители. Сметководителите се организирани самоостојно. Комори или синдикати не стојат позади протестот на сметководителите.

Денешниот протест на сметководителите беше подржан и од нивни колеги од Прилеп, кои излегоа пред Управата за јавни приходи во градот.

Никој од Владата не покажа интерес да ги слушне барањата на сметководителите и да ги повика на состанок.

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)