Денешна дата
07/03/2021

ДИЛЕМА

Мора час поскоро да му стапнеме на опашот на овој етаблиран и добро организиран криминал, на ова зло и животот и животните потреби да си ги задоволуваме согласно сработеното. Насловот на денешнава колумна ја идентификував со зборот ДИЛЕМА – верувајте ми после читањето на предистражниот акт, во дилема сум дали повеќе да се појавам на какво било рочиште вразано со моето натамошно учество во предистражната постапка за стечајот на Еуростандард банка. Најавив граѓанска непослушност. Сѐ уште размислувам дали целосно ќе ја применам својата намера.

 

Пишува: Трифун Костовски

 

Почитувани читатели…

За моја и ваша жал, ставен во прангите на организираниот криминал, кој е можеби единственото нешто што во земјава функционира беспрекорно, морам повторно да се навратам на случајот со стечајот на Еуростандард банка.

Минатат недела бев повикан на првичниот распит во Основното јавно обвинителство, каде што ми беше даден на увид обвинителниот акт, покренат против мене и останатите лица, чиишто имиња се обврзав пред Јавниот обвинител нема да ги објавувам.

Обвинителниот акт го прочитав еднаш, а ми беше прочитан и од Јавниот обвинител и, верувај те ми, ниту тогаш, а ниту денес неможев да разберам по кој основ сум повикан во истрагата врзана со стечајот на Еуростандард банка.

Обвиненијата напишани во овој материјал, за кои Јавниот обвинител не ни дозволи да добиеме копија, бидејќи така било пропишано со закон, за мене, во најмала рака се чудни! Не може со видување на документ да креирам своја одбрана, ако тоа обвинение не биде расчленето и анализирано во детали. Верувајте ми и ден денес се чудам во која земја живеам! Зар не е повеќе од апсурдна оваа ситуација – јас, како акционер во банката вложив 11 милиони евра кон крајот на 2019 година и во месец февруар, тие средства ги внесовме како докапитализација на банката, а само после 4,5 месеци, по завршувањето на вонредната состојба, банката наврат-нанос се однесе во стечај.

Причините ги истражуваме, за овој организиран криминал и верувајте дека сме на пат тоа да го презентираме пред јавноста во многу близок период.

Пропустите кои што Народна банка специјално ги прави во поглед на преземање на конкретни мерки за спречување на стечајот се очигледни.

Сакам само уште да ви дообјаснам, доколку сметате дека сум имал нечесни намери со банката, на самиот ден на објавувањето на стечајот, 12 август 2020 година на сметката на Еуростандард банка имаше повеќе од 27 милиони евра во готовина. Дали сметате дека не сум можел овие средсва да ги префрлам на сигурно, и да бидат мои? Сум можел, ама ни на сон не сум помислил за таков потфат. Такво нешто би било туѓо на моите етички и професионални принципи, и никогаш нема да биде дел од мојата биографија.

Кога веќе се отвара истрага, зошто не се повикани и останатите членови на Надзорнот одбор на распит, бидејќи и тие имале увид во севкупниот материјал кој ни беше припреман и сервиран од страна на правната служба во банката, контролирана од Управниот одбор.. Недостасуваат многу имиња од банката кои биле на клучни позиции во истражната постапка со стечајот на Еуростандард банка. Тука посебно ќе го споменам директорот на кредитирање цо Еуростнадард Банка, кој според информациите кои ги имам веќе е вработен во Македонската банка за обнова и развој.

Чувствувам дека организаторите на овој чин во кој егзекутор е Народна банка се трудат да ми ги затворат очите, за да не можам да го видам тоа што е видливо од месечина.

Почитувани, организираниот криминал е толку длабоко влезен во нашето секојдневие, што ние самите граѓани не сме ни свесни дека тоа ни се случува во секој миг во нашето живеење.

Организираниот криминал не може да биде функционален, доколку во него не бидат вклучени, одредени правни субјекти со нечесни намери и институциите на државата, кои, по вокација, треба да го штитат правото на обичниот граѓанин, ама во случајов се ставаат во заштита на организираниот криминал, и со тоа секојдневно нѐ осиромашуваат како финасиски, а уште повеќе умствено, покажувајќи ни дека немаме визија за градење на современо општество.

Ќе излезам малку од темата поврзана со стечајот на Еуростанадард банка и сакам да прокоментирам дел од нашата реалност.

Македонија е слабо економски развиена држава, со годишен буџет скоро 50% од бруто националниот доход. Економијата која треба да биде извор на полнењето на буџетот е слаба и нема капацитет да ги задоволи потребите на веќе забеганата власт за трошење на буџетски пари.

Кусокот на пари за реализација на буџетот во минатиот период го покривавме со нови задолжувања на меѓународниот пазар. Меѓународниот пазар на пари полека се затвора за Македонија, бидејќи оценките говорат дека трошиме многу повеќе отколку што сме сработиле.

Мојата анализа на целиот општествен и политички контекст ме упатува да заклучам дека македонската Влада, недостатоците од буџетот ги покрива со кредити од најсилните банки во Македонија, односно со парите на физичките и правните лица, кои ги чуваат своите финансиски средства во овие институции.

Еуростандард банка отиде во стечај, со последици кои сѐ уште се чувствуваат, првенствено кај оштетените клиенти на банката, кај нас акционерите на банката, па сѐ до вработените во банката и во Македонски пошти, со еден збор, домино ефектот е страотен. Се прашувам што ќе се случи кога обичниот граѓанин ќе дознае дека со неговите скромни заштеди го финансира буџетот на Република Македонија. Дали се можни нови стечаи на банки? Да, мои почитувани, можни се. Мора час поскоро да му стапнеме на опашот на овој етаблиран и добро организиран криминал, на ова зло и животот и животните потреби да си ги задоволуваме согласно сработеното.

Почитувани, насловот на денешнава колумна ја идентификував со зборот ДИЛЕМА – верувајте ми после читањето на предистражниот акт, во дилема сум дали повеќе да се појавам на какво било рочиште вразано со моето натамошно учество во предистражната постапка за стечајот на Еуростандард  банка. Најавив граѓанска непослушност. Сѐ уште размислувам дали целосно ќе ја применам својата намера.

 

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)