Денешна дата
31/05/2020

Сторија поддржана од СКУП-второнаградена на конкурсот на МИМ

ториите се наградени поради тоа што содржат „автентични сведоштва на граѓаните на Кавадарци, екологисти и стручни лица, ексклузивни снимки и релевантни информации добиени од повеќе институции низ темелен истражувачки зафат“

Серијалот видео-прилози на новинарката Менче Атанасова-Точи за загадувањето на комбинатот „Фени“ кои беа поддржани од СКУП Македонија ја освои втората награда за најдобра истражувачка сторија за 2013 година, која ја доделува Македонскиот Институт за медиуми.

Сториите се наградени поради тоа што содржат „автентични сведоштва на граѓаните на Кавадарци, екологисти и стручни лица, ексклузивни снимки и релевантни информации добиени од повеќе институции низ темелен истражувачки зафат“. Во образложението за наградата стои и дека по објавувањето на серијалот, општината Кавадарци преземала активности за координација со граѓаните, како и дека  Министерството за животна средина јавно потврдило дека прашината што ја испушта комбинатот е штетна по здравјето. Исто така, Министерството најавило и дека проблемот со „Фени“ ќе биде решен


Објаснувајќи под каков притисок и закани го реализирала серијалот, новинарката на ТВ „Нова“, Менче Атанасова-Точи се заблагодари на поддршката и номинацијата од СКУП Македонија.

Првата награда за новинарската награда „Никола Младенов“ и беше доделена на новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка за серијата написи за очна лекарка од Градската болница Скопје, која при ласерска операција на катаракта им го оштетила видот на околу 50 пациенти. Третата награда му е доделена на новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски за текстовите посветени на истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов. Комисијата која одлучуваше за сториите додели и две пофалници на новинарите Сашка Цветковска за истражувањето на имотот на првиот човек на тајната полиција, како и на Петре Димитров за серијалот посветен на штитеничката во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

На Конкурсот што МИМ го објавува традиционално по тринаесетии пат се пријавија 21 автор, со вкупно 29 стории обработени во 91 текст или прилог.
Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува со цел да го поттикне и афирмира истражувачкото новинарство како врвно достигнување во новинарската професија и заштитник на демократските вредности.