Денешна дата
14/07/2020

Трета политичка опција кај Албанците: дали е сега време за тоа?

Има ли простор за нов политички субјект кој би бил партија на „третата опција” кај Албанците? Наспроти ставот на аналитичари кои сметаат дека е неминовност во политичкиот живот на Албанците да се роди нова партија, има и такви кои велат дека таа би била штетна и нема да има долг век

Завршувањето на предвремените парламентарни и на претседателски избори, ги извлече како најсилни двата главни политички субјекти на Албанците ДУИ и ДПА, елиминирајќи ја третата албанска партија НДП.

Всушност, овие избори потврдија дека на албанската политичка сцена во Македонија функционира митот ДУИ-ДПА, а на третата опција и е многу тешко да дејствува.

Од независноста на Македонија, секогаш имало иницијативи и политички партии кај Албанците, кои постигнувале добро резултати, прво ПДП, потоа ДПА и на крај ДУИ.

Посериозните иницијативи за „трет политички пат” кај Албанците, кои постигнале релативно добри резултати, биле НДП и ДА.

НДП заедно на изборите во 2011 и 2014 вкупно освои три пратеници. Додека ДА, со нејзиниот кандидат за претседател, лидерот Имер Селмани, на претседателските избори 2009 година освои 146.795 гласа, но не обезбеди ниту еден пратеник.

Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Али Пајазити за Инбокс7 оцени дека двете политички опции на Албанците во Македонија се многу истрошени и дека раѓањето на политичка алтернатива е неминовност.

Новата опција како алтернатива на неуспесите на ДУИ и на ДПА

 

Ali-Pajaziti

 

“Двете политички партии сега веќе се испробани, вкусени и неуспешни инстанци. Затоа постојат сите предуслови за да се создаде трета опција, која ќе го земе воланот во оваа политичка летаргија и апатија кои се депримирачки за Албанците”, нагласи Пајазити.

Според него, ДУИ е целосно дефакторизирана од агресивниот груевизам.

 

 

 

И покрај фактот дека третата политичка опција кај Албанците е многу потребна, главниот уредник на порталот “Журнал”, Фами Бајрами за Инбокс7 оцени дека таа во земјава не е долговечна.

 

Fami Bajrami

„Како трета опција во Македонија можеби се гледаше НДП, но таа заврши лошо на изборите од 27 април. Ова покажа дека просторот на дејстување за трета политичка опција кај нас е тесен. Како дефект се чини дека се појавува немањето  посериозна и попривлечна платформа за албанските гласачи. Се добива впечаток дека никој не може да излезе над двата главни субјекти ДУИ и ДПА“, констатираше Бајрами.

 

 

 

Професорот Пајазити мисли дека има простор за формирање субјект со нова политичка опција, почнувајќи од фактот дека албанската партија на власт, ДУИ, е во постојана дефанзива.

„Третиот пат ќе треба да ја собере благородната маргинализирана албанска интелегенција и пречистената политичка елита, но не и партиски милитанти”, рече Пајазити.

Исамет Бакиу, беше еден од водачите на студентското движење на универзитетот во Тетово во деведесетите. Бакиу, објасни дека Албанците имаат потреба за едно движење кое ќе определи јасни, достижни и мерливи цели за унапредување на  нивниот политички статус.

isamet_bakiu

“Ова движење треба да дејствува во насока на унифицирање на политичкиот фактор, дефинирање на политичките барања како и да побара одговорност за неисполнувањето на барањата од страна на политичкиот субјект”, додаде Бакиу.

Сепак Бајрами прецизира дека некои албански интелектуалци пробале, но не успеале да формираат нова политичка опција.

 

 

„Третата опција кај овдешните Албанци, се покажа  како штетна, бидејќи и на овие избори фрагментирањето и парчењето на гласовите ги намали пратеничките мандати ”, рече Бајрами.

„Идентична ситуација имаме и кај Македонците, апсолутна доминација на две партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ”, заврши Бајрами.

 За платформата на новата политичка опција

Се поставува прашањето – која би била платформата и со кои прашања би се занимавала новата албанска политичка опција?

Професорот Пајазити подвлече дека платформата на оваа опција би требало да биде врзување на две компоненти, етно-апологијата и социо-економијата.

„Платформата на оваа автентична алтернатива би требало да се базира на вредности и доблести, на колективната добросостојба, а не на клановската. Бројките од 153.000 и 70.000 гласови немаат никаква смисла, тие се само сува аритметика”, рече Пајазити.

Додека Исамет Бакиу додаде дека имајќи во предвид дека на Охридскиот договор му недостигаат клучните елементи кои Албанците би ги направиле државотворни, новото политичко движење треба да го има за цел интересот на албанскиот граѓанин.

„Еден политички субјект кој нема да има политичката програма и платформа базирана на целосна еднаквост на Албанците во политички, економски, социјален и културен аспект, не би бил ништо друго туку едно политичко дежаву”, констатира Бакиу.

Евидентно е дела политичките партии кои се формирале и им се спротиставиле на партиите со поголемо влијание, биле неорганизирани.

Партиите на новата опција не дејствуваа автономно кај електоратот.Тие со национална провиниенција по одредено време исчезнаа од политичката сцена додека другите од суб-политички профил станаа составен дел на посилните партии за време на кампањите и владините комбинаторики.

Како случај може да се одвои ПДП, која по дебаклот на парламентарните избори во 2002, направи многубројни политчки маневри. Правеше коалиција некогаш со ДПА, некогаш со ДУИ, за да на крај Абдулхади Вејсели да се одлучи за нејзиното претопување и придружување кон ДПА. Последен пат оваа партија се обиде да се реактивира пред изборите во 2014, но и пред да се формира, се подели.

Сите партии на третата опција формирани во последните две децении, веќе немаат никаква политичка тежина и не успеаја да се профилираат како алтернативни субјекти кои би им конкурирале на политичките партии ДУИ и на ДПА. Новата политичка опција или третиот пат, по априлските избори останува само желба на социјалниот слој кој не е интегриран во партиските структури на ДУИ и на ДПА.

 

Хронологија на третата политичка опција (1990-2014)

Во годините 1990-1998 функционирале Народна Демократска партија (НДП) на лекарот Јусуф Реџепи, а потоа и на Иљаз Халими, Либерална Албанска партија (ЛАП) на Џемил Идризи и Хисен Рамадани, Републиканска Партија на Народно Единство (РПНЕ), која ја формирање првиот председател на Партијата за Демократски просперитет (ПДП),Невзат Халили.

Поранешниот висок функционер на ПДП, Аслан Селмани ја формираше Демократската алијанса на Албанците (ДАА).

По конфликтот од 2001, еден од водачите на поранешната Ослободителна Национална Армија (ОНА) Харун Алиу, ја формира Националната Алтернатива (НА). Независниот пратеник Meвљан Тахири во 2002 ја формира Републиканската Партија (РП), која потоа влезе во коалиција со Демократската Партија на Албанците (ДПА) и за кратко време исчезна од политичката сцена. Исто така, по конфликтот, и поранешниот командант на ОНА, Џезаир Шаќири Хоџа, заедно со Кастриот Хаџиреџа и други активисти ја формираа Националната Демократска Партија (НДП).

Поранешниот пратеник Исни Шаќири кој го напушти Собранието за да и се приклучи на ОНА, по напуштањето на ДУИ формираше Нови Демократски Сили (НДС), а подоцна оваа партија се нарече Демократска Национална Унија (ДНУ).

Еден од водачите на Ослободителното Движење на Косово (ОДК), Бардил Махмути од Тетово по напуштањето на ДПА во 2006, ја формираше Демократската Унија на Албанците (ДУА).

Партија со слично име, Партија за Демократско Обединување на Албанците (ПДОА) пред 2002, ја водел професорот по физичко воспитување на Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) Бесник Телаи. Поранешниот македонски амбасадор во Швајцарија од редовите на ДПА, во 2006 година се обидел да формира еден политички субјект. Ја нарече Партија за Демократска Иднина (ДПИ), но оваа партија немаше иднина.

Албанците имале и субјект од верска провиниенција. Тоа беше Партија за Демократска Акција- Исламски Пат (ПДА-ИП), со претседател Ќенан Мазлами. НПД на изборите во 2011 и 2014 доби вкупно три пратеници.

ПДП во 2014 година се распарчи на фракции пред парламентарните избори, резултатот беше разочарувачки.

 

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански – Арменд Нухиу 

tahiri@inbox7.mk