Денешна дата
14/07/2020

Изборно конто 2014: Медиуми известувале и финансирале партии

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потрошила шест пати повеќе пари во кампањата за предвремените парламентарни избори од СДСМ

Со колкав минус на партиските сметките заврши изборната трка? ДУИ потрошиле 36 милиони денари, СДСМ 12, а ВМРО – ДПМНЕ 86 милиони денари. Достоинство во кампања биле со 3.000 денари. ДУИ, пак, потрошиле двојно повеќе од планираниот буџет.

Според конечниот финансиски извештај кој до Државната комисија за спречување на корупцијата го испратила коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ за време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори вкупно биле потрошени над 86 милиони денари.

Донации од 27 милиони денари од физички лица и услуги од медиумите на територијата на цела Македонија искористила коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ на последните предвремени парламентарни избори кои се одржаа во април годинава. ТВ Сонце и Интел Струмица предничат со услуги дадени во вредност од над 500.000 денари за разлика од другите медиуми како на пример, ТВ Едо 420.000 денари и Наша ТВ која донирала над 300.000 денари. ТВ Тера Битола нешто помалку од 400.000 денари

 

Над 100.000 денари чинеле услугите на Слободна Македонија, исто толку и ТВ Шутел, како и на две кавадаречки телевизии кои им ги испорачале на ВМРО – ДПМНЕ за време на кампањата.

 

Од најниската 7.500 и единствената од 720 денари, донациите на физичките лица се движат до 60.000 денари, односно до онаа највисоката на име на Јасминка Дамчевска од 100.000 денари, потоа Ивица Ивановски, Милка Петар Тримчевска, Сашо Змејковски, Александар Кузмановски, Слаѓана Трифчо Настова, Раде Жегарец.

Gruevski pobeda izbori MIA

фото: МИА

 

Оттука изборната кампања е покриена со вкупни приходи од над 79 милиони денари од кои од донации се обезбедени 27 милиони, а останатите приходи се од членарина односно сума од 52.233.600 денари.

 

ВМРО – ДПМНЕ кампањата ја завршила со влез во црно салдо од над 7 милиони денари. Најголем дел од средствата се потрошени за реклама и пропаганда односно 75 милиони денари. Како и 2 милиони и 300 денари за телефон и 2 милиони и 800 денари за превоз.

 

СДСМ добивале попусти од медиумите

 

Кампањата на опозиционата СДСМ според извештајот кој го поднеле во Државната комисија за спречување на корупцијата изнесува над 12 милиони денари, а потрошиле 1.800.000 денари повеќе отколку што имале.

Опозицијата од петте физички лица на листата, најмногу пари добила од Бетиане Китев кој донирал за партијата над 100.000 денари. Попуст на услугите СДСМ добила од медиумите, поединечно од секој, во висина од околу 200.000, и тоа од следните: Телевизија Телма, Телевизија 24 Вести, Вис телевизија, Телевизија Амазон, Слободен печат и Радио Галакси 2002.

 

Нивните извори на приходи од донации и попуст на медиумски услуги изнесуваат околу 1.800.000 денари, но како што е наведено во извештајот под останати приходи од други субјекти СДСМ добила над 8 милиони денари.

 

Сумата на потрошени средства за реклама и пропаганда се совпаѓа со сумата која социјалдемократите ја обезбедиле преку донации од физички лица и издејствуваните попусти кај медиумите.

zaev izbori

 

Приходите, од како што стои во финансискиот извештај од други субјекти, биле за покривање на транспортни трошоци, повторно за реклама над 7 милиони денари, изнајмување на простор и сл.

 

ДУИ потрошиле за кампања двојно повеќе

 

Коалициониот партер на власта ДУИ, располагал со средства од нешто над 17 милиони денари, а потрошиле над 36 милиони денари, односно на крај од изборната трка влегле во минус од над 19 милиони денари.

Според извештајот кој го поднеле кај антикорупционерите покрај парите од своја сметка 10 милиони денари, другите средства пристигнале од физички лица и медиуми од каде собрале 7 милиони денари.

ali-menduh-900x307

 

 

За ДПА изборите донесоа минус од 450 илјади денари

 

 

ДПА изборната кампања ја водела со средства од без малку 230 илјади денари, а потрошила над 680 илјади денари, оттука и минусот од 450 илјади денари.

 

Приходите и донациите за оваа партија се од фирмата Трансуно ДООЕЛ, која уплатила на партиската сметка 30.500 денари, потоа ТВ Коха која дала услуги од 135.000 денари и физичкото лице Садије Илијаз кој донирал 60.000 денари.

 

За разлика од милионските суми на големите партии, интересно е контото на партијата Достоинство на Стојанче Ангелов кој во трката на парламентарците избори тргнал со 3.000 денари, истите ги потрошил и сега контото на неговата партијата е на позитивна нула.

 

Партијата на Руфи Османи, кој го врати својот освоен пратенички мандат,  НДП, потрошила 530.000 денари, односно влегла во минус 340.000 денари.

 

ГРОМ на Стефче Јакимовски, кој своето пратеничко место го нарече „златна акција“, за време на кампањата потрошил милионски суми денари, односно над 10 милиони денари, а имал на располагање само два милиони. Специфично е што на неговата сметка околу 70 физички лица уплаќале средства, а само два медиуми, односно 24 Вести и Радио Галакси 2002 му дале попуст за услугите.

 

Иако рокот за објавување на партиските извештаи истече на 25 мај, како што не известија од ДКСК, тие беа објавени со два дена задоцнување, односно доцна синоќа.

 

И Халими и Поповски потрошиле повеќе отколку што имале

 

Антикорупциска комисија ги објави (14 мај 2014) финансиските извештаи за изборните кампањи на претседателските кандидати. Но, само на двајца, од четворицата ривали кои отпаднаа уште во првиот круг, Илјаз Халими, претседателски кандидат на Демократската партија на Албанците и Зоран Поповски фаворитот на Граѓанската опција на Македонија.

 

Според извештаите и двајцата си ги пуштиле нозете колку што не им е долга чергата, односно потрошиле повеќе отколку што имале на конто. Споредбено гледано финансиите на Поповски за кампањата главно пристигнувале од приватни џебови, додека главен спонзор на изборната трка на Халими, според финансискиот извештај од Антикорупциска е Телевизија Коха од каде на неговото конто се слеале на 11 април годинава 200.000 денари.

zoran Popovski bilbord

 

Неговиот против кандидат Поповски бил спонзориран од 37 физички лица, од кои најголемиот број, парите му ги префрлиле во еден ист ден односно на 16 април годинава, сумите се движат од 1.000 денари најниската, преку 8.000 денари, па сè до онаа највисоката од 59.000 денари.

 

Додека тимот на претседателскиот кандидат оперирал со единствената донација на име услуга од ТВ Коха од 200.000 денари, Поповски имал вкупно на располагање четири пати повеќе финансии, точно 831.000 денари.

 

За двајцата е карактеристично што финансиите не им биле доволни за да си ги ја платат ниту медиумската кампања, за што Поповски  потрошил над 6.500.000 денари. Како што стои во графата расходи тој само за рекламна пропаганда дал 6.444.043 денари. Кампањата ја завршил со минус од околу 5.700.000 денари, бидејќи потрошил осумкратно повеќе пари од сумата која ја добил преку донации.

 

Халими влегол во минус од над 309.000 денари, бидејќи потрошил над 509.000 денари, а од ТВ Коха обезбедил услуга од 200.000 денари. Неговата реклама и пропаганда проголтала 324.226 денари, а над 180.000 денари дал за изнајмување на простор и опрема.

333-Iljaz Halimi

 

Според презентираниот финансиски извештај, ДПА е во минус од околу 5 илјади евра, пари кои најверојатно ќе бидат покриени од парите од буџетот што им следуваат на претседателските кандидати.

 

Претседателските кандидати Стево Пендаровски на СДСМ и Ѓорѓе Иванов на ВМРО – ДПМНЕ не ги објавија вкупните финансиски извештаи по завршувањето на двата изборни круга.

stavrova@inbox7.mk