Денешна дата
14/07/2020

Екстерното тестирање со екстремни грешки

Скандалозен превод од македонски јазик на албански, грешки и нелогичности го следат екстерното тестирање и покрај тоа што се направени повеќе од 3.000 корекции на прашањата

Не стивнуваат реакциите на родителите, наставниците и на учениците околу начинот на кој се одвива екстерното тестирање и покрај објаснувањето на надлежните дека се извршени корекции на повеќе од 3.000 прашања во кои биле забележани грешки.  Најмногу критики добива лошиот превод од македонски јазик на албански, потоа има забелешки дека некои прашања се непотребни, односно бесмислени, наспроти објаснувањето на одговорните во Министерството за образование дека нема нелогичности во прашањата, туку само тенденција да се потикнат учениците во размислувањето и во донесувањето заклучоци.

Наспроти очекуваните позитивни ефекти врз образовниот процес, како што е зголемениот квалитетот на предавањето и на учењето, екстерното тестирање се претвори во фрустрирачки процес за учениците. Зголемен е и стравот кај наставнците од можните казни.

 

Eтем Џеладини,  претставник на Сојузот на наставниците Албанци (СНА) за Инбокс7 изјави дека екстерното тестирање е апсурд, имајќи го предвид фактот дека учениците се оценуваат постојано преку целата учебна година.

„Екстерното тестирање не треба да влијае врз успехот на учениците и оценувањето на наставниците, бидејќи се работи за еднодневно тестирање кое не ги одразува познавањата на ученикот и ангажирањето на наставниците”.

Наместо да се потрошат толку многу фондови за реалиција на овој проект, истите можат да се употребат за подобрување на училишните услови”, вели Џеладини.

Etem-Xheladini

Eтем Џеладини: Екстерното тестирање не треба да влијае врз успехот на учениците и оценувањето на наставниците, бидејќи се работи за еднодневно тестирање кое не ги одразува познавањата на ученикот и ангажирањето на наставниците

Професорот по социологија на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Хасан Јашари за Инбокс7 тврди дека во една сиромашна земја каква што е Македонија прво требаше да се зголемат платите на наставницит, а потоа да се побара зголемување на одговорноста и на перформансите.

„Надворешното оценување на знаењето на учениците ја зголемува транспарентноста и квалитетот на знаењето и работата, но и одговорноста на наставниците”, рече тој.

Aнализата на постигнувањата и знаењето во екстерното тестирање покажуваат каде сме биле, каде сме сега и каде сакаме да стигмене со успехот на учениците”, речеJaшари,  кој од 1992 до 1998 година бил заменик министер за образование.

 Бирото за развој на образованието (БРО), одоговорната институција за реализација на екстерното тестирање објави дека направила се што е потребно овој процес да помине без проблеми во основното образование, во гимназиите, уметничките насоки и општите наставни предмети во средното техничко образование.

„Сите прашања се подготвени во согласност со наставните програми и стандардите за критериуми и оценување.Предлог-прашањата се доставуваат до  Државниот испитен центар (ДИП), каде се подложуваат на верификација од страна на контролорите, кои се професори во високо образование и во ваква форма се објавуваат во јавноста ”.

Потоа поминуваат низ третиот филтер, кој го сочинуваат сите учесници вклучени во овој процес (наставници, ученици, стручната јавност). По оваа фаза се прави завршна корекција на прашањата и на крај се објавуваат во финална форма”, рече  за Инбокс7, директорката на  Бирото за развој на образование (БРО) Весна Хорватовиќ.

vesna-horvat

Весна Хорватовиќ: Сите прашања се подготвени во согласност со наставните програми и стандардите за критериуми и оценување

 

Се повторуваат грешките од лани

 

И покрај официјалните изјави на Бирото и на Mинистерството за образование и наука (MОН) дека се коригирани 3.461 прашање, наставниците имаат многу забелешки што се однесува на преводот на прашањата на албански јазик, проблеми кои во голема мерка биел присутни и минатата година.

Eтем Џеладини вели дека има прашања кои се безмислени, па дури и наставниците не ги разбираат.

„Има многу грешки во прашањата на тестовите иако се корегирани над 3.000 прашања”,објасниЏеладини.

Директорката на БРО, Весна Хорватовиќ изразува жалење за многубројните јазични грешки кои се воочени на тестовите на различни предмети.

„Преведени се околу  100 илјадипрашања на албански, турски и на српски јазик. Во процесот на преведување се вклучени само преведувачи и лектори кои се стекнале со дипломи за соодветно образование, кои се издадени од соодветните факултети.Мене навистина ми е жал што понекоаш во преводите се забележуваат недостатоци кои ние како институции се обидуваме да ги надминеме”, истакна Хорватовиќ.

Додека во врска со јазичните проблеми, професорот Хасан Јашари вели дека лошиот превод на прашањата го прави потешко екстерното тестирање.

„Ова постојано се случува. Не смее да има грешки во преводот. Ова зборува многу за тоа дека со образоанието на албански јазик во последната деценија не се занимава никој”, истакна Jaшари.

 

Тестовите доставени само на македонски јазик

 

Најголемите забелешки од учениците и од наставниците се за следните предменти: англиски јазик, математика, историја, географија, но и за другите предмети.

Од друга страна, Eтем Џеладини од СНА забележува и еден друг проблем во екстерното тестирање.

Според него, формуларите за екстерно тестирање во училиштата со настава на албански јазик се доставени само на македонски јазик.

Друд сегмент на екстерното тестирање за кој има многу забелешки е тоа што  предизвикува голем стрес кај учениците.

hasan-jashari

Хасан Јашари: Секое тестирање има стрес, но тој е “позитивен”.Тој ги стимулира учениците да мислат, да се развиваат

Учениците одат на училиште и учат за да  стекнат знаење и вештини, а не само да добијат оценки. Со екстерното тестирање се верификува објективноста на оценувањето на наставниците. Затоа наставниците треба да оценуваат според критериумите за оценување. Законот предвидува толеранција на ниво плус или минус една оценка, имајќи ги предвид многу други фактори кои не се мерат со тестирањето.Како педагог и родител сметам дека учениците со помош на наставниците, треба да го поминат овој процес, слично како да е тест даден од нивните наставници”, смета Хорватовиќ.

Додека професорот Хасан Јашари оценува дека екстерното тестирање не предизвикува секогаш негативен стрес кај учениците.

Секое тестирање има стрес, но тој е позитивен”.Тој ги стимулира учениците да мислат, да се развиваат”, подвлече  Jaшари.

Екстерното тестирање во 680 основни и средни училишта ќе се одвива од 2 до 10 јуни. Во овој процес се вклучени 18 илјади наставници и инспектори на Државниот инспекторат за образование (ДИО).

Објавувањето на резултатите на тестирањето ќе се врши во неколку фази. Предност во тестирањето и во оценувањето им е дадено на учениците кои завршуваат осмо одделение поради запишување во средните училишта.

Превод од албански –Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk