11.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите ја обвинува власта дека манипулира со бројките во Собранието за уставните измени.

“Власта еднаш велеше дека им фалат 6, сега им фалат 8 пратеници – тенденцијата вели дека им се раситнува мнозинството – „барајќи рогови ќе ја изгубат главата“”, вели партијата.

“Во изјавите на власта на ДУИ и СДС владее какафонија по темата уставни измени. Тоа е резултат на нивниот очај и нервоза, бидејќи насилниот обид спротивен на народната волја, им се удри во ѕид. Да биде посмешно тие во обидите да расфрлаат пердуви уште повеќе самите се закопуваат. Имено Бујар Османи тврди дека фалеле уште 8 пратеници за мнозинство за уставни измени, а заборава дека неговите соработници шпекулираа дека им фалат уште 6 пратеници (Груби, 20 септември 2022 година), дека имаат 74 пратеници (Пендаровски, 18 ноември 2022 година) па дури и дека имаат обезбедено уставно мнозинство (Битиќи, 24 мај 2023 година). Лагите им се распрснуваат како меур од сапуница. Изгледаат како раштиман оркестар. Но, кога веќе прават вакви ментални екскурзии, треба и да се подзамислат, бидејќи тенденциите велат дека од недостаток 6, стасале на недостаток 8 пратеници, што значи дека им се распаѓа и тоа кое што го имаат”, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на Мицкоски, неколку пратеници од самата коалиција на власт веќе директно и индиректно најавуваат дека нема да гласаат.

“Дополнително и други пратеници на кои Османи и Ковачевски сметаа почнаа да одбиваат поддршка на уставните измени. Народот вели „барајќи рогови си ја изгубиле главата“, па така оваа власт барајќи 2/3 може лесно да го загрози и владиното мнозинство. Впрочем така би си ја скратиле агонијата и би го спасиле народот од оваа криминална власт. Изборите се единственото решение во интерес на Македонија и единствениот излез во ќорсокакот во кој власта ја внесе државата.”, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Брегу: Регионалните институции можат да играат клучна улога кога глобалните се во криза

admin

ОСУМ ИЛЈАДИ МАЛИ И МИКРО ФИРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРИ ГОДИНИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТA

ninja

Џафери: Има време да се заменат документите до избори

admin

Мехмети: Уставните измени не треба да бидат драма

admin

БЛАГОЈ НАЦОСКИ: СВЕДОЦИ СМЕ НА ИЗЖИВУВАЊЕ ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА

ninja

Демири: Во предизборие нема промени во здравствениот систем

admin