19.8 C
Скопје
28 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Грција ги легализира истополовните бракови

Грција стана првата земја со мнозинство православни христијани која ги легализираше истополовите бракови, јави ББС.

На истополовите парови сега ќе им биде дозволено и законски да посвојуваат деца по гласањето во четвртокот со 176-76 во парламентот.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе ја укине сериозната нееднаквост“.

Но, одлуката а подели земјата, со жесток отпор предводен од моќната православна црква. Нејзините поддржувачи одржаа протестен митинг во Атина.

Многумина истакнаа транспаренти, држеа крстови, читаа молитви и пееја делови од Библијата на плоштадот Синтагма во главниот град.

Поглаварот на Православната црква, архиепископот Иеронимос, рече дека мерката ќе ја „корумпира социјалната кохезија на татковината“.

На предлог-законот му беше потребно просто мнозинство за да помине низ 300-члениот парламент.

„Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив, многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место“, рече премиерот во парламентот за време на дебатата пред гласањето.

„Реформата го подобрува животот на неколку наши сограѓани, без да им одземе ништо од животот на многумина”.

Related posts

Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш под лупа на Брисел

admin

Сите посочуваат виновник за високите цени, никој не го санкционира

admin

Дали Косово ја губи подршката на САД и ЕУ?

admin

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија?

admin

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ГАЛИЧНИК 2023: Колонизација/Деколонизација на природата

admin

„Бум“ на економијата на ЕУ, продолжува нагорниот тренд на раст (инфографик)

admin