3.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Дете уби дете

Бројни коментари и анализи од стручни и компетентни лица по детска психијатрија и ментално здравје, континуирано нѐ потсетуваат дека „човечноста“ се расте и одгледува првенствено од домот, за преку институционалниот систем на образование, општеството да може да продуцира здрави, морални, свесни и совесни личности со изграден вредносен систем.

ПишуваКатерина Топалова

Секое дете заслужува да живее ослободено од насилство… Но, денес, децата плаќаат преголема цена од сѐ поголемата и поприсутна нефункционалност на семејството како општествена клетка, државниот систем во распад, болниот образовен систем и неказнивоста за стореното.

Не смееме да останеме никако рамнодушни на крвавиот чин во училиштето во Белград, кога дете уби деца! И првото нешто што ми паѓа на ум читајќи ги сите оние најнови вести и коментари по социјалните мрежи, кои првенствено доаѓаат од соседна Србија, но и кај нас, колку во суштина е болно нашето општеството, живеејќи секојдневно во страв и неизвесност и кој е тој данок во крв што треба да го платат младите денес, за да изгледа сето ова вака како што изгледа, до толку монструозно, страшно, неморално, забегано, безвредносно…  За на крај да утврдиме дека е апсолутно беспредметно да говориме кој бил, што бил, каков бил? Делото е веќе сторено – et hoc, а неспособноста за превенција е она што најмногу загрижува – нотирани проблеми и тоа многупати преку светски примери, каде младите се соочуваат со закани за масовни пукања во училиштата, домашно вооружено семејно насилство, насилство во заедницата – маалски паркови и улици, за на крај училиштата да бидат постојна мета за дојави на бомби и сл.

Затоа треба гласно да го поставиме прашањето: можеме ли да направиме многу повеќе за да се бориме против оваа урбана силеџиска пандемија на оружено насилство и да се залагаме нашите деца да растат здрави, безбедни и без страв?

Бројни коментари и анализи од стручни и компетентни лица по детска психијатрија и ментално здравје, континуирано нѐ потсетуваат дека „човечноста“ се расте и одгледува првенствено од домот, за преку институционалниот систем на образование, општеството да може да продуцира здрави, морални, свесни и совесни личности со изграден вредносен систем. Во спротивно се соочуваме со ситуација, домот и училиштето да продуцираат несреќна и исфрустрирана младина, целосно некадарна за животните битки и предизвици, во секоја смисла. Кога на таквиот несреќен и некомплетен ментален скоп, дополнително ќе му натежнат сите надворешни влијанија и тегоби, се случуваат трагедии како белградската… а тоа и не е така далеку од нас!

Дополнителен зачин на оваа трагедија, даваат и сите оние коментари и ставови на социјалните мрежи со радикална содржина, од исмејување, поддршка, осуда, гилотина, омаловажување, кривици итн. кои на чинот му даваат непотребен заплет, правејќи ја драмата хистерична и по болна. Секогаш велам ДА, за здрав и стручен коментар! Но тука дефилираат најнекомпетентните! За на површина да исплива сета непотребност за учество на социјалните мрежи, па дури и поттикнување на забрана за голем дел од нив, бидејќи индиректно се виновни за искомлексираноста и оттуѓеноста на модерниот човек и неговата неспособност да се бори за здраво општество. Ваквите случаи првенствено, ги нотираат сите девијантни појави од овој тип, во кои пак учеството на социјалните мрежи дополнително ги охрабрува чинителите на дејство. Затоа мораме да ја направиме нашата земја побезбедно место за растење на децата.

Што е она што како родители треба да го направиме првенствено? Еден белградски слоган ми го украде срцето! Вели „Разговарајте со децата“ – зашто токму разговорот и слушањето на децата ги прави нештата важни. Разговорот ја подобрува нашата врска со нив и ги поттикнува да нѐ слушаат. Тоа им помага да формираат врски и да изградат самодоверба. Добрата комуникација со нив е охрабрувачка и е со цел и тие да разговараат со вас, но и да слушаат за да можат да ви кажат како се чувствуваат. Позитивната комуникација не е само кажување убави работи или споделување убави  вести. Целта е да се поттикнат и разбудат секакви чувства, дури и кога сме лути или засрамени, мизерени или исплашени.

Нека почиваат во МИР!

 

Извор: КДП

Related posts

АМЕРИКАНСКИ ЛЕКЦИИ ЗА ИДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ИЗБОРИ

admin

Американците се бесни

admin

Бавната смрт на македонските телевизии

admin

Слава Україні!

admin

Олаф Шолц – молчаливиот германски канцелар

admin

Новиот македонски патриотизам

admin