5.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДЕЦАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ – ТРН ВО ОКО ЗА ЈАВНОСТА

Деца и сопружници на функционери, кои „молскавично“ напредуваат во кариерите, постојано ја брануваат јавноста. Во фокусот на медиумите особено се најдоа кадровските решенија за правосудството, откако деновиве вкупно 58 кандидати го положија завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители. На листата на „свежи“ кадри за во правосудството се најдоа синови на актуелни судии и обвинители, сопругите на шефот на ОЈО ГОКК и на еден градоначалник и други.

Најголема прашина се крена околу Барлет Џафери, син на собранискиот спикер Талат Џафери, кој ќе биде иден јавен обвинител. Рангиран е на 42. место со вкупно 55,68 поени. Неговото име се појави во јавноста во 2022 година, кога Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) објави дека се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година, иако сè уште не бил дипломиран. Поради немање докази случајот не доживеа разрешница, но се уште ја бранува јавноста. Најгласна во критиките е опозицијата која смета дека станува збор за преседан од невиден размер и ги повика сите надлежни институции да реагираат.

Сензација 

„Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата секогаш е поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но, како и сите други, и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа“, изјави денеска Талат Џафери, кој застана во одбрана на својот син, кој штотуку го заврши школувањето на  Академијата за судии и јавни обвинители.

правда
Кадровските решенија во правосудството ја брануваат јавноста.Фотографија: picture-alliance/dpa

За Џафери нема ништо спорно, особено поради фактот што постапката на антикорупционерите е запрена. „Антикорупциската комисија имаше постапка и таа е запрена, односно не можеше да се утврди злоупотреба од страна на син ми. Работата на институциите е друга работа и тоа не не засега ниту мене, ниту мојот син“, рече Џафери.

Дали законите важат подеднакво за сите? 

Но, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Барлет Џафери не смее да стане обвинител само затоа што татко му е претседател на Собранието. „Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш треба да му биде одземено уверението за положен правосуден испит. Се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери го добил уверението“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај синот на Џафери на списокот се и ќерка на обвинителка од Републичкото јавно обвинителство, ќерка на обвинителка од Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, и синот на обвинителка од поранешното СЈО. Филтерот на Академијата го поминал и син на актуелен судија во Врховниот суд, син на поранешен претседател на Советот на јавни обвинител, како и син на поранешен претседател на Судскиот совет. Меѓу кандидатите се и снаа на судијка од Тетово, но и сопругата на актуелниот шеф на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Related posts

Судски совет наспроти холандскиот амбасадор-работиме законски

admin

Врие од непотизам и корупција во јавниот сектор: Пренатрупана, а неефикасна администрација

admin

Има ли власта дигитрон да пресмета достоинствено работно време?

admin

Случајот со убиството на Вања: Осомничените ја зборуваат вистината

admin

Орбан: Украина се уште не ги исполнила критериумите за влез во ЕУ

admin

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

ninja