10.8 C
Скопје
25 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Европа во криза за вода, ресурсите стануваат се поретки

Европските креатори на политики се борат да се справат со растечката криза на водата пред она што истражувачите стравуваат дека би можело да биде уште едно лето на суша поттикнато од климатската криза, пренесува Инбокс7.

Водните ресурси во Европа стануваат сè поретки поради продлабочувањето на климатската вонредна состојба, со рекордни температури во текот на пролетта и историските зимски топлотни бранови.

Резервоарите во медитеранските земји, како Италија, паднаа до нивоата на водата што вообичаено се поврзуваат со летните горештини во последните недели, загрозувајќи го земјоделското производство, додека протестите избувнаа поради недостигот на вода и во Франција и во Шпанија.

Со искачување на температурите во текот на летото многумина стравуваат дека и онака „многу несигурниот“ проблем со водата во Европа може да се влоши уште повеќе.

Сателитски податоци анализирани од истражувачите од австрискиот Универзитет во Грац на почетокот на годината открија дека сушата влијае на Европа во многу поголем обем отколку што се претпоставува.

Related posts

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

admin

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

admin

Која е Билјана Ангелова, новата ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“?

admin

Мицкоски: Ни треба нов договор за Македонија

ninja

Фокус: „Гробари“ на јавното здравство

admin

Пендаровски: Полска отсекогаш била наш поддржувач

ninja