9.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КРИЗАТА ГИ НАТЕРА ГРАЃАНИТЕ ДА ШТЕДАТ

Растат штедните влогови на граѓаните. Депозитите на населението се повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годината, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Кризата ги натера македонските граѓани да штедат. Податоците на Народната банка покажуваат дека растат штедните влогови на граѓаните, но и дека денарот станува сѐ пострактивен за нив, па тие сѐ почесто се одлучуваат да штедат во домашна валута.  Од почетокот на годината депозитите на населението се повисоки за 130 милиони евра. Се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити.

„Довербата во домашната валута се задржа, за што се доказ и операциите на Централната банка на девизниот пазар, односно од јули наваму се откупуваат девизи“, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

Кога започна војната во Украина, депозитите се намалија на месечна основа на 1,8%, меѓутоа потоа без прекини се остварува раст на депозитите на населението. Според последните бројки, годишниот раст е некаде околу 5,3%, а вкупно од почетокот на годината депозитите пораснаа за 130 милиони евра.

Растат и каматите 

Во периодот од 2002 до 2021 година, денарските депозити растат многу побрзо, со просечна годишна стапка од околу 18 отсто, за разлика од девизните депозити кои растат значително побавно, со просечна стапка од околу 8 отсто. Се забележува раст и на каматните стапки кај денарските депозити. За ова придонесуваат мерките коишто ги презема Народната банка со нормализирање на монетарната политика, но и мерките за поттикнување на денаризацијата.

„Повидливи се промените кај каматните стапки на депозитите, и тоа кај депозитите во денари, затоа што дел од нашите мерки беа насочени токму кон поттикнување на штедењето, особено денарското“, вели гувернерката.

Надлежните сметаат дека и покрај кризата, довербата во денарот е задржана, а валутните склоности се стабилизирани. Со избувнувањето на војната во Украина, поради зголемената побарувачка на девизи, во голема мера како одраз на потребите на компаниите за девизна ликвидност за увоз на енергенти, интервенциите на Народната банка се однесуваа на продажба на девизи. Сепак, од јули наваму, централната банка постојано откупува девизи, со што во голема мера се намали притисокот којшто се почувствува на почетокот на годината. Девизните резерви и натаму се на соодветното ниво и се значително повисоки во споредба со почетокот на пандемијата.

Заклучно со септември 2022 година, вкупните депозити на населението во банките и штедилниците изнесуваат 313,4 милијарди денари (5,095 милијарди евра), од кои голем дел – 145,2 милијарди денари се денарски депозити, а останатите се девизни депозити.

Related posts

Зошто Индискиот Океан може да биде кинеската “Ахилова пета” во војната со Тајван

admin

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

admin

Косово: Производите од Северна Македонија ги заменуваат српските

admin

Мицкоски за „Политика“: Граѓаните нека бидат мирни, остануваме на ставот против уставните измени

admin

Доаѓа ли војната на територијата на Русија?

admin

ЈА ГУБИ ЛИ МАКЕДОНИЈА БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ?

ninja