14.8 C
Скопје
25 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Партиите нови, амбициите големи

Колкави се шансите на малите и нови партии да земат гласови од СДСМ и ДУИ, од кои и произлегоа? Максим Димитриевски и Изет Меџити ќе „истрчаат“ против поранешните сопартијци, со реторика дека ќе ја освојат власта. Аналитичарите очекуваат најсилните меѓу новите партии да добијат до двајца пратеници. 

Неколку истурени партиски играчи се одвоија од поголемите СДСМ и ДУИ и ќе си ги пробаат шансите на следните парламентарни избори. Тоа се Максим Димитриевски, актуелен градоночалник на Куманово и поранешен член на СДСМ, Изет Меџити, поранешен градоначалник на ДУИ во Чаир, отворена е можноста и скопската градоначалничка Данела Арсовска да формира партија откако ја загуби поддршката од ВМРО – ДПМНЕ со чија помош победи на локалните избори во 2021 година….Колкави се нивните шанси како мали и нови партии да освојат пратеници на парламентарните избори в година, со Изборен закон кој ги фаворизира големите партии?

Нивната реторика е дека планираат да ја освојат власта. Аналитичарите очекуваат најсилните меѓу нив да добијат по еден до двајца пратеници.

„Пропорционалниот модел, со Донтов модел за распределба на мандати од партиските листи и со шест изборни единици, првенствено им служи на големите партии и коалиции. Не им дава шанса на малите и на новите партии“, вели аналитичарот Сефер Селими.

До утре, партиите треба да го добијат на маса Изборниот законик во кој се внесени забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа беше и задачата на работната група што пред околу пет месеци ја формира Министерството за правда за да направи реформа на изборното законодавство.

„Ние својот дел го завршивме, што се однесува до имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Најголем дел од препораките се веќе имплементирани, остана да се направат уште некои усогласувања меѓу Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија околу одредбите за финансирање на партиите“, вели Александар Новаковски, претседател на работната група.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА 

Related posts

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

admin

ЕУ со рекордно проширување на површината за органско земјоделство

admin

СРБИЈА НЕ СЕ СОГЛАСИ СО ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА САНКЦИИ ПРОТИВ ИРАН

ninja

Уставни измени па избори или обратно? Власта и опозицијата на различни фреквенции за консензус

admin

Торбешите во Уставот, камен на сопнување

admin

Земјоделски производи: Растат цените, паѓа откупот

admin