5.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПРЕСУДА ЗА ОКТА: РСМ ТРЕБА ДА ПЛАТИ МИЛИОНСКА ОТШТЕТА

Арбитражниот суд во Париз донесе пресуда против С. Македонија во спорот со „Хеленик петролеум“. Земјата ќе треба да плати отштета од 21.478.800 евра.

Арбитражниот суд во Париз донесе пресуда против Северна Македонија во спорот во кој некогашната грчка компанија „Хеленик петролеум“ ја тужеше државата, поради непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата ОКТА, склучен во 1999 година. Пресудата е стигната во Владата пред неколку дена и веќе се прават анализи. Според соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, со донесената пресуда е преполовен износот на отштета што го барала грчката компанија.

Вкупното отштетно побарување заедно со каматите за периодот 2008-2011 година, изнесуваат 42.646.000 евра. Согласно пресудата, отштетното побарување кое е пресудено од страна на Арбитражниот суд во Париз е за 50 проценти пониско од првичното барање, односно отштетното побарување пресудено од Судот изнесува 21.478.800 евра.

„Нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на бараниот износ“, вели  Андонов

Станува збор за процес во кој Република Северна Македонија е тужена страна од страна на ‘Елпет’ од Република Грција, а поврзан со обврските од купопродажниот договор на Рафинеријата ОКТА за годишен откуп на минимални количини на мазут.

Адвокатскиот тим, кој е ангажиран од Владата – „Дехерт“ од Франција, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со Координативното тело кое е задолжено за арбитражните постапки, ќе ѝ предложат на Владата соодветни чекори што ќе се преземат во однос на објавувањето на пресудата.

„Оваа сума може да биде предмет на понатамошни усогласувања или договарања, како што тоа е направено во 2008 година, кога е постигнат договор за порамнување. Сумата со пресудата во Париз била намалена за околу 40 отсто“, вели Андонов.

Северна Македонија беше тужена за непочитување на договорот за продажба на ОКТА, со кој Владата на Љубчо Георгиевски во 1998 година се обврзала во наредните 20 години на годишно ниво да купува 500.000 тони нафта. Од ВМРО-Народна партија, чиј лидер е некогашниот премиер Љубчо Георгиевски, соопштија дека причината за казната е што еднострано е раскинат договорот со грчката компанија.

„На една година пред истекувањето на петгодишниот монопол, Уставниот суд на Северна Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори иако низ сите други случаеви на меѓународни договори во кои има стапено Македонија се има прогласувано дека е ненадлежен. На тој начин, само поради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која треба да помине, Северна Македонија се доведува во крајно непријатна ситуација“, реагира партијата.

Related posts

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

admin

Маричиќ: Датумот за идно проширување ја оправдува нашата стратегија за брз влез во ЕУ

admin

ЕУ воведува нови гранични контроли: Што се EES и ETIAS?

admin

Украина вели дека Русија ги гранатира ветените хуманитарни коридори

ninja

ДЕЛ ОД ОПШТИНИТЕ „МУВА“ НЕ ГИ ЛАЗИ ЗА ШТЕДЕЊЕ

ninja

Маричиќ-Бурк: Ирска може да ни служи како пример за брзо членство во ЕУ

admin