4.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Светска Банка: Северна Македонија со најмал економски раст во регионот во следните три години

Најмал економски раст на среден рок односно во наредните три години и најголем буџетски дефицит. Ова се прогнозите на Светска банка за Северна Македонија, споредено со останатите држави во регионот на Западен Балкан, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.

За тековната 2023 година, прогнозите на Светска Банка (СБ), се дека БДП односно македонската економија ќе заврши со раст од 1,8 процентиза разлика што е пониско од просекот за Западен Балкан кој изнесува 2,5 проценти.

Светска банка кај Србија прогнозира раст од 2 проценти, Босна и Херцеговина – 2,2 проценти, Косово 3,2 проценти, Албанија – 3,6 проценти и Црна Гора која годинава ќе има најголем раст од 4.8 проценти.

И во наредните две години Северна Македонија ќе има најнизок раст на БДП од 2,5 за 20204 година и 2,9 за 2025 година што е повторно под просекот на Западен Балкан и најнизок раст од сите шест држави во регионот.

Инфлацијата е едноцифрена и за 2023 година се прогнозира дека ќе биде 9,1 отсто, далеку повисоко од пресметките и прогнозите на Владата. За наредните две години очекувањата на експертите од Светска Банка се дека ќе се намали на 3 односно 2 проценти, но бројките дополнително ќе се ревидираат.

Зголемувањето на ДДВ-то и на платите имаат влијание врз инфлацијата сметаат од Светска Банка.

„ Гледаме од април дека реалните плати се зголемуваат. До април овие притисоци ги немаше, инфлацијата ги еродира реалните приходи. Од априле реалните приходи се зголемуваат и придонесуваат врз инфлаторните притисоци. Ова зголемување серуште не е значително. Сеуште не гледаме намалување на инфлацијата во насока на малата стапка која ја одржуваше Народната банка со децении. Гледаме зголемување на инфлацијата и притисоците“, изјави Сања Маџаревиќ- Шустер од Светска Банка (СБ).

Експертите од Светска банка предупредуваат дека Владините субвенции за енергија од фосилни горива се добри само на краткорочен план и дека треба да се пренаменат во зајакнување на системот на производство на енергија од обновливи извори.

Растот на личната потрошувачка кај домаќинствата е намален а инфлацијата во земјава веќе не е само увезена туку има и внатрешни притисоци.

„Во просек веќе гледаме дека се забавува улогата на надоврешните влијанија на инфлација на сметка на зголемена улога на внатрешни фактори односно домашни фактори како што се вишок на домашна побарувачка, заостанат ефект од мерките за поддршка, високи профити и индексација на плати доведуваат до поголемо објаснување на инфлацијата во овој регион“, смета Јоана Маџоска, економист.

Северна Македонија ќеима најголем дефицит од државите во регинот а прогнозите во извештајот на Светска Банка се дека јавниот долг ќе расте и ќе достигне 62,2 проценти од БДП.

Кога станува збор за стапката на сиромаштија, од Светска Банка прогнозираат дека од сегашните 18,3 проценти од населението во 2025 година ќе падне на 16,2 проценти.

Related posts

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin

Судски процес против четворица обвинети за заговор за киднапирање на гувернерката на Мичиген

ninja

Дали Груби ќе игра фудбал во кабинетот е работа што треба да ја знае Џафери како премиер

admin

Стејт департмент: Северна Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

admin

ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА ПАТЕРИЦИ – НЕ ПРОИЗВЕДУВААТ НИ ПОЛОВИНА ОД МОЖНОСТИТЕ

ninja

МАЛ НАПРЕДОК“ ИЛИ ШАНСА ЗА „ИСТОРИСКИ ДОГОВОР“?

ninja