3.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судир во Брисел за проширувањето до 2030, демотивација во Скопје за уставните измени

Европската комисија (ЕК) во вторникот ја оспори целта на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, за проширување на ЕУ до 2030 година, пренесува Инбокс7.

Двете највисоки институции во Брисел повторно се судрија додека извршната власт на ЕУ се спротивстави на забелешките на претседателот на Европскиот совет во понеделникот дека блокот треба да биде подготвен да прифати нови членки во 2030 година.

„Ние не сме фокусирани на датум, туку фокусирани на многу тесна соработка со земјите кандидати за да се подготвиме за пристапување во Европската унија“, рече заменик-портпаролот на Комисијата, Дејна Спинант.

Таа додаде дека Мишел не се консултирал со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за содржината на неговиот говор за проширување во понеделникот на конференцијата во Блед, Словенија.

Последното јавно несогласување меѓу Фон дер Лајен и Мишел – наречено „чудна двојка во Европа“ поради нивните тешки односи – доаѓа додека темата за проширувањето на ЕУ добива на интензитет во Брисел.

Исто така во понеделникот, францускиот претседател Емануел Макрон предложи ЕУ со „повеќе брзини“ во врска со пристапувањето на земјите кандидати. Некои балкански народи чекаат со години да се приклучат на ЕУ; според законската рамка, тие мора да исполнат голем број барања пред тоа да стане возможно.

Лидерите на ЕУ ќе се посветат на оваа тема на претстојниот самит во октомври, бидејќи војната во Украина повторно ја поттикна дебатата за проширувањето на блокот. Осум земји чекаат пред вратите на ЕУ – шест Балкански земји, Украина и Молдавија. На двете последни им беше доделен статус кандидат минатата година – со зголемување на притисокот за отворање на пристапните преговори за Украина до крајот на оваа година.

Портпаролката Спинант инсистираше на тоа дека проширувањето е „процес заснован на заслуги“ и дека на земјите кандидати треба да им се дозволи да се приклучат само откако ќе ги исполнат критериумите за влез во ЕУ.

Овие дебати и несогласувања во Брисел доаѓаат во период кога владата во РСМ се обидува да убеди 80 од 120 пратеници да ги исзгласат уставните измени, кои произлегуваат од Францускиот предлог, со цел да се избегне ново вето од Бугарија во процесот на преговори за членство во ЕУ.

Related posts

Рама ја откажа меѓувладината средба со Косово, зборува за санкции против Курти

admin

СОВЕТОТ НА ЕВРОПА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja

Европа во криза за вода, ресурсите стануваат се поретки

admin

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja