14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕВРОЗОНАТА ПРЕД ЗИМСКА РЕЦЕСИЈА

Европската комисија очекува економскиот раст во еврозоната да запре. Рецесија е многу веројатна во текот на зимата, бидејќи се очекува инфлацијата да се одолговлекува подолго од првично очекуваното.

Европската комисија објави прогноза за економскиот раст за наредната година според која 19-те членки на еврозоната ќе влезат во рецесија во текот на зимата, додека инфлацијата ќе опстојува подолго од очекуваното поради високите цени на енергенсите и падот на куповната моќ на потрошувачите.

Есенската прогноза на Европската комисија предвидува пад во последните три месеци оваа и првите месеци во 2023 година, наведувајќи дека високите цени на енергенсите, растечките трошоци за живот, високите камати и забавувањето на глобалната трговија „ќе ја турнат ЕУ,  еврозоната и поголемиот број членки во рецесија во последниот квартал годинава и во првите три месеци од наредната“.

Порогнозите за раст за цела 2023 година се ревидирани на 0,3 отсто од 1,4, колку што беа проценките во јули. Инфлацијата ќе ја достигне целта подоцна од очекуваното во еврозоната, на крајот на годината, и ќе оди до 8,5 насто во 2022 година, односно до 6,1 отсто во 2023 година. Тоа е зголемување од 1 насто за 2022 година, односно над 2 отсто колку што се прогнозираше за 2023 година, се наведува во документот на Европската комисија.

Европската комисија прогнозираше дека стапката на невработеност  годинава од 6,8 ќе порасне на 7,2 отсто во 2023 година, а потоа се очекува намалување од 7 насто во 2024 година.

Германија најверојатно ќе има најлоши економски резултати во еврозоната следната година бидејќи се очекува Брутодомашниот производ на земјата да се намали за 0,6% во текот на 2023.

Најголемата европска економија беше најмногу зависна од рускиот гас пред војната во Украина и се бори да најде алтернативи за руската енергија.

„Растот се очекува да се врати во Европа напролет, бидејќи инфлацијата постепено ќе го олабавува притисокот врз економијата“, се вели во извештајот. „Меѓутоа, со силни спротивставени ветрови што сè уште ја држат побарувачката на ниско ниво, економската активност треба да биде намалена“.

Related posts

Мицкоски: Треба да се знае дека не одлучува Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти владата

admin

Кој ќе го наследи Димитар Ковачевски во СДСМ?

admin

ХАШКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ТАЧИ И ОБВИНЕТИТЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ЌЕ ПОЧНЕ ВО МАРТ

ninja

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Ставот останува непроменет – нема уставни измени под бугарски диктат

admin

Ниските плати ќе го „парализираат“ македонското правосудство: Вработените бараат покачување на платите како на функционерите

admin