26.8 C
Скопје
15 јули, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

БАЛКАНИЗАЦИЈА

Не се знае дали процесот на интеграција на Балканот во ЕУ ќе донесе европеизација на регионот или балканизација на Европа.

Пишува: Џелал Незири

Воглавно, државите и народите од Балканот имаат селективен однос кон интеграцијата во Европската унија (ЕУ): сакаат да бидат дел од Унијата само заради придобивките кои ги носи членството во вид на високи плати, солиден животен стандард, правна држава, квалитетно образование итн. Но проблемите настануваат кога треба да се прифатат европските вредности, како демократија, слобода, еднаквост и човечко достоинство.

Европскиот модел за решавање на проблемите помеѓу државите во регионот не е толку популарен ниту кај академската, а уште помалку кај политичката елита. Требаше да се чека со децении за конечно во 2018 година да се реши проблемот за името меѓу Северна Македонија и Грција, додека тој историјата со Бугарија тешко се спроведува. Не се знае ниту кога конечно ќе се затворат проблемите меѓу Србија и Косово, Србија и Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, Хрватска и Босна и Херцеговина, Албанија и Грција. Правната држава, демократијата, еднаквоста, слободниот пазар, човековите права и слободи се честа тема и проблем на внатрешната политика во овие земји. Затоа, не се знае дали процесот на интеграција на Балканот во ЕУ ќе донесе европеизација на регионот или балканизација на Европа.

Фокусирајќи се само на фондовите и конкретните материјални придобивки, земјите аспиранти често забораваат на фактот дека ЕУ е досега најсовршениот проект на либералната демократија. Членството во унијата не се остварува ниту со окупација, притисок или условување, туку со апликација. Секоја од државите аплицираат за членство, обврзувајќи се притоа дека ќе ги прифатат и спроведуваат политиките на Унијата. Одлучувањето во рамките на Унијата е со консензус, што подразбира еднаква тежина на гласот на секоја од земјите членки.

ЕУ е проект кој за прв пат во историјата во период од 70 години обезбеди мир и соработка помеѓу европските народи и нации. Овој мир и взаемна доверба придонесе кон создавање на единствен пазар со безброј можности за економијата, претворајќи ја ЕУ како една од најсилните економии на светот.

Балканот е недоволно спремен за вистинска европеизација, т.е. за прифаќање на еден нов, политички, наднационален и наедетнички идентитет, кои ќе ги сплоти сите жители на Европскиот континент. ЕУ е заснована врз систем на вредности кои се договорени преку усвојување на сет на договори. Овој сет на вредности го одредува и оформува Европскиот идентитет.

Во контекст на глобализацијата, Европскиот се смета како идентитет кои стои помеѓу глобалниот и националниот. Глобализацијата како процес на интеграција на луѓето од целиот свет во економска, социо-културолошка и политичка димензија често интерферира и е во спротивставеност со изградениот национален или етнички идентитет. Во време кога економските, политичките, културните и социјалните врски добиваат во интензитет а технологијата ја намалува дистанцата помеѓу луѓето и, како што вели Маршал МекЛухан, направи од светот едно “Глобално Село”, се отвара прашањето дали националниот идентитет ќе опстојува и ќе биде отпорен на сите овие глобални процеси, или пак ќе претрпи измени во сите димензии. Земјите на Балканот се најзатворени на оваа тема, при што нивниот етно-центричен пристап и национален конзервативизам го прави многу далечен тој европскиот идентитет.

Ако целта на пан-европските приврзаници е создавање на силен европски идентитет, кој ќе ги обедини сите жители на Унијата, интенцијата на глобализацијата е постепено градење на нов идентитет, според кој сите луѓе на светот од сите етнички, национални, религиозни или расни групи припаѓаат на една иста заедница, кои споделуваат исти морални вредности.  Значи, она што уште во античко време го има кажано Сократ: „Јас не сум атињанин или грк, туку граѓанин на светот”.

Балканот е далеку од европеизација. Новите генерации растат со иста доза на национализам како и нивните претходници. Интернетот не придонесе доволно кон зближувањето на луѓето на оваа поднебје, како што тоа го направи на европско па и на светско ниво. Напротив, лажните вести и екстремниот национализам го претвораат Интернетот на силна алатка за радикализација на новите генерации.

Related posts

РЕПРОГРАМ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ И ФИНАНСИРАЊЕ НА РАСТОТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗИ

admin

ПОПУЛИЗМОТ НА РАМА И КРАЈОТ НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“

admin

Како и во 1991, проблемот не е правен туку политички

admin

Биди умерен во победата и грациозен во поразот

admin

Склучи мир – ќе те судат, предизвикај војна – ќе те слават

admin

Разумна изјава за името на идниот премиер

admin