28.8 C
Скопје
11 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Што ја мотивира „премиерата“ на Али Ахмети?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изминатите две децении ниту еднаш се немаше јавно обратено на македонски јазик, па во пошироката јавност долго време владееше впечаток дека причината за тоа е што веројатно не го зборува добро македонскиот јазик. Но една од „бомбите“ кои ги објави опозиционерот Зоран Заев во 2015 година, откри дека тој впечаток бил погрешен: Ахмети на македонски јазик разговараше со тогашниот премиер Никола Груевски, кој во разговорот побара поддршка од лидерот на ДУИ за уривање на една дивоградба во Чаир. Токму заради овој разговор меѓу двајцата лидери, истрагата на поранешното СЈО за овој случај го доби кодното име „Лидери“, и покрај тоа што Груевски и Ахмети не беа засегнати од неа. Тогаш не падна дивоградбата изградена меѓу 2011 и 2013 година, (за неа во 2021 година беше поднесено обвинение против инвеститорот), но засекогаш падна заблудата дека лидерот на ДУИ не го зборува македонскиот јазик.

Хронологијата покажува дека Ахмети не се „реванширал“ со изјава или обраќање на македонски, ни тогаш кога неговите коалициски партнери се труделе тоа да го направат на албански јазик, како што направи Груевски во октомври 2012 година: се обрати на албански јазик читајќи го текстот со потешкотии, на свеченост за отворањето на нов мост во Сарај.

Во меѓувреме и во ретки исклучоци, најмногу што можеше да се слушне од лидерот на ДУИ на македонски јазик, беа полуреченици или по неколку зборови, а меѓу последните најпозната остана фразата „како досега“. Неа Ахмети ја искажа во шега, сугерирајќи му на премиерот да одговори како ќе функционира новата влада, откако Ковачевски дојде на нејзино чело.

„Познато е дека Али Ахмети зборува просечен македонски јазик, a целосно го разбира“, објаснува аналитичарот Сефер Селими.

„Познато е дека на затворени состаноци и средби со македонските колеги не користи преведувач, додека во јавноста не сакајќи да остави простор за погрешно толкување зборува само на албански, бидејќи често неговите пораки можат да бидат извртени и искористени од пропагандната машинерија за да поттикнат уште поголема поделба во општеството. Овојпат, читајќи и снимајќи ја пораката за македонската јавност на посебениот ден, и поради политичкиот контекст во кој се наоѓаме, мислам дека има повеќе за цел да покаже дека и тој се грижи и сочувствува со предизвиците на етничките Македонци. Исто така, ценам дека треба да се посвети поголемо внимание на клучната порака од говорот: „дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонски јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет“. Дополнително, ова треба да ги релаксира меѓуетничките односи, па дури и би било добредојдено истото да го направат Ковачевски или Мицковски на Денот на албанската азбуката“, вели Селими.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

Инфлацијата во САД се зголеми за 7,9 отсто во изминатата година, највисока во последните 40 години

ninja

ЕУ ЗАМРЗНА ПАРИ ЗА УНГАРИЈА

ninja

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin

ЧЕТИРИТЕ „СУХОИ 25“ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПРАТЕНИ ВО УКРАИНА

ninja

Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство

ninja