20.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пет години по Преспа: Што се постигна?

Пет години по потпишувањето на Преспанскиот договор, кој го реши проблемот со Грциија и овозможи членство на земјата во НАТО, во Струга се одржува тридневната конференција Преспа форум за дијалог (PFD2023), јавува Инбокс7.

Конференцијата официјално ја отвори премиерот Димитар Ковачевски со обраќање на официјалното отворање на панел сесијата на тема: „Договор од Преспа по пет години: предизвиците се претворија во можности“, а на 16 јуни пак, во рамки на премиерскиот панел, премиерот Ковачевски ќе говори за важноста од регионалната соработка, која е клучна во услови на геополитички превирања и силна поларизација на светот.

Премиерот Ковачевски предвидено е да одржи и билатерални средби со новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со Ејми Е. Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција, како и со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.

Програмата на Форумот вклучува, меѓу другото, разговори за горливите регионални и европски политичко-безбедносни прашања, евроинтеграцијата на државите од Западниот Балкан, перспективите за зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи, борбата против корупцијата итн.

ПФД 2023 повторно понуди платформа за дискусија и ќе собере на едно место домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации.

Related posts

Инфлацијата во САД се зголеми за 7,9 отсто во изминатата година, највисока во последните 40 години

ninja

УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: ЖИВЕЕМЕ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ

ninja

Огнените од ДУИ против една изборна единица

admin

СПАСОВСКИ: НАДВОРЕШНИТЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ДОАЃААТ ОД ИРАН И ОД РУСИЈА

ninja

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОДЛУЧИ – ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА

ninja

Приведен лице кое избегал од затвор во 2015 година

admin