21.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски за „Политика“: Граѓаните нека бидат мирни, остануваме на ставот против уставните измени

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека пратениците на неговата партија и коалицијата што ја предводи нема да ги поддржат уставните измени. Во интервју за весникот „Политика“, близок до владата во Белград, Мицкоски вели дека неговата партија нема да го промени ставот што го имаше досега, пренесува Инбокс7.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но и нашите коалициски партнери од пратеничката група се изјаснија дека овие диктирани промени не можат да се случат. Во ова во основа се уверија граѓаните на седницата на собраниската комисија. Затоа граѓаните се мирни, бидејќи знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го смени ставот“, рече Мицкоски.

Според него, Македонија и другите земји од Западен Балкан немаат ист третман како земјите кои претходно влегоа во ЕУ, на пр. Словачка, Чешка, Унгарија, Кипар, Романија, Бугарија итн. „Ова е особено видливо кога станува збор за евроинтеграциите на Македонија, која иако го смени името на државата, не стана членка, а не ни почна преговори. Тоа е разочарувачки и во исто време лош сигнал што се испраќа до земјите на кандидатската листа за некои од идните проширувања“.

Но, Мицкоски ја нагласува и вината на македонската дипломатија во последните шест години, бидејќи, според него, не се борела за подобри позиции и гаранции за евроинтеграцискиот пат на Македонија. „Нашата дипломатија, за разлика од другите земји, не даде никаква гаранција дека нема да има нови пречки на патот. Притоа, не зборувам за реформски барања и измени на Уставот во согласност со копенхашките критериуми, туку за пречки кои се од субјективен и чисто политички карактер и кои ги носат нашите соседи. Која е гаранцијата дека ова измена на Уставот ќе биде последна, дека утре нема да бараат измена на Уставот со која ќе се редефинираат прашања кои се од идентитетска природа или кои нема да бараат понижување или ново бришење на АСНОМ како темел на македонското државјанство?!“.

„Слушнавме ветувања за европска Македонија уште пред референдумот за Договорот од Преспа, а сега после толку години немаме ништо. Овие уверувања треба да значат дека идната влада и власта после неа ќе има конкретна цел која мора да се исполни и да не зависи од тоа дали во учебникот за трето, шесто или осмо одделение ќе пишува што е Илинденското востание, кој бил цар Самуил, Гоце Делчев или која било друга приказна. Ние како ВМРО-ДПМНЕ подадевме рака до власта заедно да изградиме став и да побараме фер шанса за Македонија, но за жал бевме одбиени“, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувајќи за средбата со Ковачевски и исполнувањето на условите со условните оставки на ДУИ, Мицкоски рече дека како партија не им треба власт бидејќи изборите ќе бидат порано или подоцна.

„Не не интересира нивната понуда да учествуваме во владата без да ги вклучиме суштинските барања поврзани со патот на евроинтеграциите. Понудивме два пакета барања во кои фокусот беше на гаранциите дека Македонија нема да биде блокирана. Учеството во влада во која нема да бидат инкриминирани структурите на СДС и ДУИ може да помогне да се извлече државата од тонењето, што се случува секој ден. Ова може само да и помогне на земјата полесно да се движи кон реформите, но е и бесмислено без јасни позиции во односите со странство. Можете да направите реформи кои се одлични, но Бугарија може да ве кочи поради историските и ретроградните наративи“, изјавил Мицкоски.

Related posts

ДАВА – стравот на Германија од „партијата на Ердоган“

admin

Стејт департмент: Северна Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

admin

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

ninja

Софија одговори на вербалната нота од македонското МНР

ninja

Ангелов може да ја напушти владата на СДСМ и ДУИ

admin

Родната куќа на Хитлер ќе стане полициска станица

admin