23.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Саразин: Не го „мачев“ Мицковски, уставните измени да се изгласат час поскоро

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин, вели дека уставните измени мора да бидат усвоени час поскоро, без да се загуби време во процесот на интегрирање во ЕУ, пренесе Инбокс7.

„Нема законски рок за ЕУ. Заглавени сте во државата додека не го смените Уставот. Колку и да звучи лошо. Ова е јасно. Следниот чекор ќе се случи кога ќе се изгласаат измените. Државата треба сама да го направи тоа. Политички треба да си поставите рок до декември. Не затоа што ќе ве мразиме за ова или ќе ви се смееме, туку затоа што времињата се менуваат и се случуваат големи работи во Европа и тоа се рефлектира во Северна Македонија“, рече Саразин во интервју за РТВ21.

Запрашан дали „мачел некого“ за време на посетата на Македонија, во врска со неодамнешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на високиот американски дипломат Габриел Ескобар, дека позицијата ги повикува претставниците на меѓународната заедница да извршат притисок врз него.

„Мислам дека не се чувствуваше „мачено“ или фрустрирано“, изјави Саразин зборувајќи за средбата со Мицковски.

Тој беше во посета на Северна Македонија каде се сретна со шефовите на држави за да го пренесе германскиот став во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Според него, европската делегација ќе треба да се произнесе зошто е користено европското знаме при извршените измени на Кривичниот законик.

„Најпрво мислев дека ова е сомнително и се чудев како толку брзо се одлучија за европското знаме. Дали ЕУ е изненадена? Како можете да ја изненадите ЕУ? Но, јас не сум експерт за ова. Европската делегација ќе треба да даде свој коментар за ова“, рече Саразин.

Тој вели дека „тоа не е нормално, промените се направени преку ноќ и од позицијата и од опозицијата.“

„На почетокот бев изненаден. Тоа го направија преку ноќ. Можам да зборувам само за себе и за Германија. Бевме навистина многу изненадени. Потоа се обидовме да го дознаеме вистинскиот контекст и да имаме основни познавања за темата. Искрено, се уште не сме формирале став“, изјави Саразин.

Тој посака политичарите во земјава да најдат заеднички пат за уставните измени.

„Посакувам политичарите да најдат заеднички начин да ја исполнат оваа тешка задача. Уставните измени не се многу големи по содржина, но предизвикуваат големи емоции и двоумење кај луѓето. Знам дека луѓето често се противат на големите европски одлуки, но не е јасно зошто оваа одлука е толку тешка. Тоа е мал чекор. Посакувам земјата да најде заеднички пат. Германија го сака ова и навистина ќе ви помогне“, изјави Саразин.

Политичките лидери, според него, мора да имаат храброст да се здружат за да ја постигнат заедничката државна цел.

„Се разбира, во Германија е поинаква политичка ситуација. Понекогаш е полесно во Берлин да се зборува за Северна Македонија, но и полесно е да се зборува за Берлин од Скопје“, рече Саразин.

Саразин рече дека следниот месец ќе биде означен во историјата како почеток на ново лице на европската историја.

„Сакав да дојдам и повторно да разговараме овде во Скопје. Тука бев пред летото и повторно сум тука за уставните измени. Мислам дека следниот месец ќе влезе во историјата како почеток на ново поглавје во европската историја, бидејќи ќе започне нов тренд на експанзија. Како што кажав пред летото, промени мора да се случат, да не губиме време“, изјави Саразин.

Посетата на германскиот пратеник за Балканот доаѓа по посетата на неговиот американски колега Габриел Ескобар кон крајот на август. Се смета дека оваа посета го поттикна позитивниот пресврт кон имплементација на Францускиот предлог, кој минатата година го деблокираше преговарачкиот процес со ЕУ откако се постигна договор Софија да го тргне ветото а Скопје да ги вклучи етничките Бугари во Уставот.

Related posts

Кренар Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

admin

Битка за легитимитет или „после мене потоп“?

admin

М-НАВ: Почна со плискање вода, заврши со прелеана чаша

admin

ШТО НАЈАВУВА МАЈЛИНДА БРЕГУ?

ninja

Дали Никола Груевски стои зад новата партија?

admin

Новинарката на РСЕ, Алсу Курмашева 100 дена во руски притвор: „Сè помалку е подносливо“

admin