8.8 C
Скопје
16 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Избори се ближат, ветувања се нижат

Поголеми плати и пензии, инвестиции во општините – изградба на градинки, училишта, амбуланти, мостови и улици, ветинг за функционерите, мисија „претседател Албанец“, рушење на крстот во дворот на манастирот на Попова Шапка, новинарите ќе бидат ослободени од придонеси за социјално и здравствено, членство во ЕУ во следниот мандат…

Ова се само дел од предизборните ветувања што се нижат на неколку месеци пред граѓаните да излезат да гласаат на претседателски и парламентарни избори на 24 април односно 8 мај 2024 година.

„Повеќе за сите“ и „Важно е“ се слоганите што се слушаат од двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека нивните лидери паралелно на терен промовираат проекти од државни пари. Околу две милијарди денари (32,5 милиони евра), Владата и министерствата прераспределија за 44 општини на средината на декември за изградба и реконструкција на улици, школи, спортски сали, а ВМРО-ДПМНЕ која ја има локалната власт во најголем дел од општините, пак, најавува голем инвестициски циклус од 934 милиони денари (15 милиони евра).

Кампањата за изборите веќе е почната, оценуваат политичките аналитичари, а во наредниот период само ќе се интензивира.

Аналитичарот Петар Арсовски посочува дека во модерно време таа не ни престанува и партиите се во постојана комуникација со својот електорат. Како што се модернизира комуникацијата на гласачкото тело, вели, така и кампањата не може да се одреди кога почнува – почнува дента кога ќе ве изберат.

„Што се однесува до тоа кога ќе почне официјалниот дел јас очекувам дека таа ќе стане понегативна и поинтензивна имајќи предвид дека сме длабоко поделено општество и имаме дијаметрално спротивставени позиции за тоа каде треба да се движи државата. Јас очекувам дека тие тензии и тој контраст ќе се засилат за време на изборите и комуникацијата дека ќе стане понегативна“, смета Арсовски.

Според него, членството во ЕУ ќе биде една од главните теми, а ќе преовладува и животниот стандард, економијата и евентуално етничките разлики за тоа во кој правец треба да се движи државата.

На слична фреквенција е и аналитичарот Сефер Селими кој вели дека најмалку две три години ние сме во циклус на проактивна политичка сцена, темпо кое можеби им здосадува на граѓаните. Во наредниот период, и според неговите очекувања, ќе се интензивира црната кампања.

„Сега секако дека ова ќе се интензивира уште повеќе и очекувам дека ќе има обиди да има некаква кампања со предлагање решенија за горливите проблеми на граѓаните. Меѓутоа, јас очекувам дека повеќе ќе биде оцрнување на противникот – кој повеќе крадел и кој е повеќе криминализиран како политички актер на нашата сцена. И другата тема што ќе биде најмногу присутна секако ќе биде ЕУ, од една страна кој е повеќе патриот и кој повеќе се залага за нашата држава да биде во ЕУ. Тука ќе имаме две видувања како и кога“, вели Селими.

Целата анализа е достапна ТУКА

Related posts

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin

Патот од Тетово до Призрен децениско ветување како пругата до Бугарија

admin

ТРАМП ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ОБЈАВИ ТРЕТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja

Пендаровски стави параф на законите за коридорите, Груби ја поздрави одлуката

admin

ПРОПУСТИТЕ ЗА СКАНДАЛОТ ОНИШЧЕНКО СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

ninja

ЗА 14 МЕСЕЦИ ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА 355 ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ

ninja