16.8 C
Скопје
11 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Во „четворката“ Филипче полумилионер – во просек едно пратеничко столче „тежи“ над 165 илјади евра

Во четврттата изборна единица најбројна е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со тринаесетмина (13) народни избраници, по нив е СДСМ и коалицијата со петмина (5) пратеници и партијата Левица и Движењето ЗНАМ за наша Македонија со по еден (1) пратеник. Нивниот вкупен имот вреди околу 3 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ во четврттата изборна единица вреди 1.7 милиони евра

Пратеникот Петар Ристески се наоѓа на врвот на листата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Изборната единица 4. Тој пријавил имот од 376.406 евра што го прави најбогат помеѓу тринаесетмината избраници од коалицијата „Твоја Македонија“. По него следи Билјана Кузманоска со 300.997 евра, а во првите три се најде и новоизбраниот пратеник, струмичанецот Жан Дрвошанов со 249.105 илјади евра. Потоа листата ја надополнуваат пратеничката Ели Панова со 229.543 евра, пратеникот Антонијо Милошоски со 227.837 евра и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Александар Николоски со 209.949 евра. Зоранчо Јованчев пријавил имот што вреди 98.043 евра, потоа пратеникот Златко Пенков со 43.210 евра, Дејан Проданоски со 29.087 евра, а на дното на листата се пратеничките Јулија Тушевска со пријавен имот од 15.203 евра, како и Ангелинка Петкова со 8504 евра.

Во просек секој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за кои поседуваме достапни анкетни листови „тежи“ 162.534 евра, додека единаесетмината од тринаесетте за кои поседуваме податок пријавиле имот во вкупна вредност од 1.787.884 илјади евра.

Венко Филипче „тежи“ над половина милион евра – за четири пати е побогат од вкупната вредност на останатите пратеници на СДСМ

Пратеникот и поранешен министер за здравство Венко Филипче највеќе отскокнува од пратеничката група на СДСМ во „четворката“ и како министер за здравство пријавил анкетен лист вреден 693.172 евра што е за четири пати побогат од вкупната вредност на останатите избрани пратеници на СДСМ.

По полумилионерот Филипче, следи пратеничката Соња Мираковска со 73.617 евра, новоизбраниот пратеник Борче Цветков со 55.121 евра, довчерашната министерка за труд и социјала Јована Тренчевка вреди 40.165 евра, додека на дното на листата се наоѓа пратеникот Миле Талевски и неговиот пријавен „Голф 5“ што вреди скромни 2764 евра.

Петмината пратенци на СДСМ во четврттата изборна единица заедно вредат 864.839 илјади евра. Од нив, 693.172 евра припаѓаат само на пратеникот-доктор, Венко Филипче.

Пратениците на Левица и ЗНАМ ги нема во регистарот на ДКСК

Поради тоа што досега пратеникот на партијата Левица, Сашко Јанчев и на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Миле Цеков не се биле избрани на именувани функции, во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) немаат анкетен лист и пријавено имот по било кој основ.

Во нашето истражување ги „скениравме“ анкетните листови на шеснаесетмина народни избраници во четврттата изборна единица. Вкупниот пријавен имот по разни основи вреди 2.652.723 илјади евра. Во просек секое пратеничко столче „тежи“ 165.795 евра. Најголем имот пријавил пратеникот Венко Филипче (693.172 евра), додека „најсиромашен“ е Миле Талевски (2764 евра), и двајцата од листата на СДСМ.

Извор: pep.scoop.mk

 

Related posts

Привилегии или безбедност: Стара тема, нова врева

admin

Европа загрижена од планот на САД за руските средства за плаќање на Украина

admin

Ванковска: Јас сум за евроинтеграција, но на сосема поинаква основа

admin

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

ninja

Зошто се случи глобален прекин на Windows?

admin

Се стопи македонската средна класа

ninja