24.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Средби во Брисел, О’Брајан: Косово и Србија да ги решат проблемите, неспроведување на договорите загуби за двете страни

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џим О’Брајан ги коментираше вчерашните средби во Брисел во рамките на дијалогот Косово-Србија. Тој рече дека неспроведувањето на договорите што беа потпишани во изминатиот период се пропуштена шанса за двете страни.

Тој подвлече дека страните треба да бидат посветени на решавање на проблемите меѓу нив во рамките на дијалогот што го овозможува Европската унија.

„Неспроведувањето на минатите договори е навистина пропуштена шанса за двете страни“, рече О’Брајан.

Трипартитна средба вчера во Брисел немаше, очекувано, бидејќи премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се договорија да се сретнат по повеќе од девет месеци од нивната последна средба во рамките на дијалогот за нормализирање на односите.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека Косово не е подготвено за таква средба.

Тој рече дека Курти на билатералните средби презентирал три услови за понатамошно ангажирање во процесот на нормализирање на односите со Србија.

„Прво, официјализирање на Основниот договор преку потпис од соодветните шефови на држави. Вториот, повлекувањето на официјалното писмо доставено до ЕУ од страна на поранешната српска премиерка, Ана Бернабиќ, на 13 декември 2023 година. И третото, предавањето на Милан Радоичиќ и неговата паравоена терористичка група на косовските правосудни органи“, рече Борел за време на прес-конференција.

Борел рече дека позициите на двете страни остануваат далечни за спроведување на договорот.

Тој предупреди дека двајцата главни преговарачи ќе бидат поканети следната недела во Брисел од емисарот Мирослав Лајчак.

Related posts

Кој ја компромитира работата на Историската комисија?

admin

Избори се ближат, ветувања се нижат

admin

Доаѓа ли војната на територијата на Русија?

admin

Секој трет во земјава поседува оружје

admin

Курти и Мицкоски ја потврдија соработката меѓу двете земји

admin

Русија продолжи со нападите врз главниот град Киев

ninja