Додека тој и неговата сопруга чекаа да ја преминат косовската граница и да влезат во Северна Македонија, Блерим Рамадани беше врзан со лисици на граничниот премин Јажинца. Министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека е уапсен државјанин на Косово, по претходно барање на Интерпол на Србија. Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на ОВК, сега се наоѓа во притвор додека во Скопје се активирани косовската и српската дипломатија – првата бара ослободување, а втората – екстрадира во Србија.
„Апсењето се случи вчера, околу 13 часот и 20 минути, бевме запрени на граница, за контрола на документи“, изјави Валбона, сопругата на Блерим. „Му рекоа дека забраната е поради неговото учество во ОВК, разговарав со нив, нивното однесување кон него и кон мене беше добро, беше многу добро“.
Блерим решил да ја придружува сопругата во градот Тетово, бидејќи Валбона таму студира. Министерството за надворешни работи соопшти дека е во тесна соработка со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани.
Исто така, премиерот Албин Курти на прес-конференција рече дека институциите на Косово се во постојана комуникација со Владата на Северна Македонија.
„Нашето Министерство за правда и не само што е во комуникација со Владата на Северна Македонија, со тамошните релевантни сектори за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин, кој се наоѓа таму во притвор“, рече Курти.
Веста прво ја соопшти Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово.
„Станува збор за господинот Блерим Рамадани, поранешен припадник на Оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово“, соопшти синоќа Министерството.
Оттаму соопштија дека со овој случај се занимава амбасадорот на Косово во Северна Македонија и дека властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.
Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја изјави дека не постои ризик Рамадани да и биде предаден на Србија.
„Ние се занимаваме со случајот, имаме многу силен случај дека тоа нема да се случи. Овде сме во комуникација со новата влада, но и со органите на правдата“, рече Ќехаја на РТВ Дукаѓини.
Од Министерството за правда на Македонија велат дека до овој момент не добиле барање за екстрадиција на уапсениот од институциите на Косово.
Инаку, властите во Србија досега уапсија четворица државјани на Косово, кои Белград ги обвини за воени злосторства. Косовските власти апсењето на граѓаните на Косово во Србија за овие обвиненија го оценија како произволно и неправедно и побараа помош од меѓународниот фактор за нивно ослободување.
Министерката за правда, Албулена Хаџиу, на почетокот на јули преку писмо испратено до својата колешка од Србија, побарала трансфер на косовските државјани приведени во Србија. Сепак, Хаџиу рече дека е малку веројатно Србија да одговори на барањето на косовските власти за екстрадиција на граѓаните на Косово, поради досегашната правна несоработка.
Премиерот Курти рече дека неговата земја има меѓународно призната јурисдикција за справување со злосторства извршени на нејзина територија.
Косово и Србија постигнаа договор за меѓусебна правна помош во 2013 година, со посредство на Европската унија, но речиси и да нема соработка меѓу нив во случаите на воени злосторства. Во меѓувреме, Соединетите Држави повикаа на фер судење за уапсените во Србија под обвинение за воени злосторства.