5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Вработен во македонското МВР уапсен на Косово поради фалсификување евра

На 4 август, 34-годишен фалсификатор, кој наводно произвел стотици илјади монети од 2 евра во последните две години, беше уапсен во Приштина, Косово, соопшти Еуропол.

Неговото апсење е кулминација на повеќемесечно прецизно планирање меѓу косовските и македонските власти, со поддршка на Европол и Европравда.

Истовремено беа претресени и неколку локации во Северна Македонија, каде беа запленети машини за производство на фалсификувани валути, илјадници склопени монети, прстени и ќорци.

Уапсениот е идентификуван како вработен во МВР во Северна Македонија. Властите беа предупредени за активностите на осомничениот преку координирани напори за споделување разузнавачки информации.

Во Европравда беше формиран заеднички истражен тим (ЗИТ) помеѓу Специјалното обвинителство на Република Косово од една страна и Основното обвинителство во Скопје од друга страна, со поддршка на Проектот за кривична правда за Западен Балкан, домаќин на Европравда. Спроведените истражни активности беа поддржани од косовската полиција, Истражниот центар на ОЈО Скопје и Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

“Поддршката на Европол беше клучна во оваа операција, обезбедувајќи критична разузнавачка анализа, оперативна координација и техничка помош за да се обезбеди успешно апсење на осомничениот.”, се вели во соопштението на Еуропол.

Монетите запленети при претресите ќе бидат дополнително испитани, споредувајќи ги со други монети кои се веќе повлечени од оптек за да се оцени реалниот обем на производството.

Европол служи како централна канцеларија на Европската унија за борба против фалсификувањето на еврото, играјќи клучна улога во заштитата на интегритетот на валутата на еврозоната.

Како центар за разузнавачка и оперативна поддршка, Европол ги координира напорите низ земјите-членки за откривање, истражување и расклопување на мрежите за фалсификување. Агенцијата обезбедува специјализирана експертиза, ја олеснува размената на критични информации и користи напредни технолошки алатки за следење и анализа на активностите за фалсификување.

Истрагата беше финансиски поддржана од Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT).

Related posts

Руски дипломат протеран од ЕУ во чистка на шпиони сега е набљудувач на ОБСЕ на изборите во Србија

admin

Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност

ninja

БАЈДЕН ОД КИЕВ НАЈАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА

ninja

Коцката е фрлена за онлајн фирмите на Државна лотарија

admin

СПАК побара апсење на Ахметај

admin

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти во Брисел на 2 мај, тема на разговор ЗСО

ninja